ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Азески: Земјоделството и туризмот – надеж за постоковид-развој

November 10, 2020 10:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска повторно јавно го искажа својот став – дека за справување со корона кризата се неопходни конкретни решенија, а не дебати и расправии „истресени од ракав“. Не смееме да седиме со скрстени раце и да чекаме кризата да помине, потенцира Азески и наведува конкретни предлог-решенија. Туризмот и земјоделството, вели, се двата клучни сектора за пост-ковид развој, тие се надеж за домашната економија и ќе имаат важна улога во посткорона периодот.

Според претседателот на Комората, земјоделско-прехранбениот сектор учествува со околу 11 проценти во домашниот БДП, а туризмот и угостителството со многу помалку, под пет проценти. Но, и двете дејности имаат огромен потенцијал за раст и можност за голема додадена вредност. Доколку се спојат, а таков потенцијал постои, успехот и економскиот удел во буџетската каса ќе бидат значително поголеми.

Спојот на агросекторот и туризмот не е непознат за домашните бизнисмени, дополнува Азески. Бизнисот ја препознава можноста за заедничкото функционирање на овие две гранки и знае дека е огромен нивниот извозен потенцијал.

„Туристичко-угостителскиот сектор има потенцијал да биде меѓу најдобрите извозни гранки (во глобалниот БДП учествува со 10 отсто. Секој десетти вработен човек во светот е во туризмот. Оваа дејност врзува над 15 други стопански гранки). Но, за да се реализира тоа потребно е: десет пати зголемување на наменските средства за промоција и за координација на овие сектори, промена на моделот за субвенционирање, со еднаква стимулација за сите превозни средства и со еднаков износ за сите странски туристи и формирање национална туристичка организација, како и донесување нов закон за туризам“ подвлекува Азески.

Кризата во земјоделскиот сектор, оценува првиот човек на Комората, ќе предизвика пад од 22 отсто до 40 проценти, а на профитот пад од 40 отсто до 60 проценти иако државата интервенира со сериозни средства за субвенции од 2006 година.

„Тука приоритетите се многу јасни: окрупнување и мелиорација на земјоделското земјиште, промена на методологијата на субвенционирање и унапредување на органското производство и на руралниот развој“ посочува Азески и дополнува дека извозниот потенцијал на земјоделско-прехранбениот сектор е во млечната, винарската, месната и во мелничката индустрија.

Тој се осврнува и на прашањето за подготвеноста на администрацијата да ги почне преговорите со ЕУ – дали има капацитет да го спроведе овој процес.

„Не смееме да седиме со скрстени раце и да чекаме кризата да помине. Решенијата мора да се бараат навреме, а еден од клучните фактори што може да го трасира тој пат мора да е реалниот сектор, затоа што со многу примери покажал дека нудел вистински решенија. Словенија, нашиот најголем поддржувач за влез во Европската Унија, е многу сериозен пример дека може да се направи тоа. Пример се и Вања Периќ и Тања Полегубиќ, кои како инвеститори повратници од странство во својата земја, на Хвар во Хрватска, јасно советуваат дека оние кои ќе се вратат назад и кои ќе го направат овој спој мора да се свесни дека ќе бидат одговорни за своите бизниси од самиот почеток, а не да чекаат прво поддршка од државата и од Европската Унија. Институциите ќе помогнат кога ќе видат дејствување и јасно изразена волја за просперитет на своите бизниси.“

Азески предупредува да бидат земени предвид укажаувањата на бизнис заедницата за да не се повтори и по 20 години да пишуваме дека имало нудење решенија од реалниот сектор, но дека не биле прифатени.

Next Post

Борисов: Ќе се сретнам со Заев, негативен сум на Ковид тестот

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk