Поранешна Прима балерина од Њујорк, сега со Алцхајмерова болест, го слуша Лебедовото езеро и сеќавањата ѝ се враќат.
Марта Ц. Гонзалес, прима балерината на Њујоршкиот балет во 60-тите години, при спроведувањето на музичката терапија од страна на терапевтот од „Música para Despertar“, реагира и ѝ се враќаат сеќавањата кога ги слуша звуците од Лебедовото езеро од Чајковски.
„Música para Despertar“ е тим од психолози и музикотерапевти кои се трудат да ги покажат и прошират придобивките од применување на музиката на пациентите со Алцхајмерова болест и другите деменции, зашто веруваат дека музичката меморија и емоциите се меѓу последните што се губат.
Погледнете го видеото, тие прават неверојатна работа.
Ј. Ѓорѓиоски







