ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Влада за национален секс, пардон, спас!

November 11, 2020 16:22
in ESPRESSO, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

скенира Џабир Дерала

Вмровците се во право кога протестираат со коли „за да биде помасовно“, како што напишаа во една своја внатрешна комуникација.

Се работи за супер лускузни лимузини и спортски аутца, кои не го загадуваат воздухот, за разлика од онаа ситна автомобилска боранија во која се вози обичната раја. Не е точно ни дека оваа партија исцицала неколку, некои велат, повеќе од шест милијарди евра од земјата. Дека тоа не е целосно точно, сведочат раскошните имоти, згради, куќи, хациенди и други недвижнини, расеани низ целата земја, на најдобри локации.

НЕ ЈА МЕНУВАЈ ТЕМАТА! Значи, не се сите пари во странство, голем дел од тоа богатство е тука, во родината. Украдено богатство? Од изборни кражби до грабеж на народот и негово дисциплинирање со полиција, судство и медиуми… Стоп! Од другата страна се слуша прекорен глас: Срам да ви е, г. Дерала, ја менувате темата. Важно е дека не загадуваме, а „масовно“ протестираме! Загадувачи сте вие, обичните луѓе, што не сте се снашле. Кој Цацко ви е крив што не знаете и не сакате да бидете како нас?


ЕКОЛОШКИ ПОДОБНА МАСОВНОСТ Вмровците знаат како се постигнува масовност и тогаш кога ја немаат. Притоа, нивните решенија се секогаш еколошки подобни. Така, кога пред собрание се залогорија со месеци, „масовноста“ ја постигнуваа со клупите од парк.  Масовната поддршка на социјалните мрежи ја постигнуваат со трол фабрики и ботови. Масовноста на улиците ја постигнуваат со луксузни коли. Сето тоа се незагадувачки технологии и политички платформи со кои се грижат за белите дробови на нацијата.

КАРАКАЧАНОВЦИ Во исчекување на белиот чад од Софија, кој ќе даде знак дека се стопи мразот околу хегемонистичкото срце на бугарските каракачановци, можеме да се потсетиме на сите блгарски самочувствија на сега најгласните патриоти. Како на Милошоски, на пример. Незаборавни се неговите прегратски братски прегратки со каракачановци и со сомнителни типови што салутираат со фашистички поздрав… И други спортски активности на линија Скопје – Софија во минатото, а и сега. В

ЛАДА ЗА НАЦИОНАЛЕН СЕКС Вирусот не е пречка да се бараат предвремени парламентарни избори, само три месеци по нивното успешно одржување, но затоа „немало услови“ за одржување локални избори во Штип и Пласница. Ах, да не заборавиме! Секако дека во овој период, додека да се стабилизира партијата и уште малку поработи на прибирање на ситните парченца на кои се распадна, најдобро за вмровското раководство е да се формира влада за национален секс, пардон – спас, по угледот на техничката влада во кои беа Наќе, Рашела и останатите поштени генијалци, демократи и антинационалисти.

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Next Post

Дечев: Бугарската страна тргна од погрешна позиција, дека македонската страна треба да ја препише бугарската историја до 1944 година

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk