Со секој појак Југо (ветер), тони отпад се депонираат од морето на бреговите на далматинските острови: Корчула, Млет, Ластово, но и во областа Дубровник, пишува хрватскиот портал „Dalmacija danas“.
„Ѓубрето е претежно од Албанија, каде што отпадот таму завршува неконтролирано во реките, кои потоа го доведуваат до морето. Станува збор за абнормални количини пластични и други амбалажи што ги носат струите и брановите кои потоа го поплавуваат морското дно и крајбрежјето во Хрватска.
Секако и нашето локално население не е „вакцинирано“ против еколошкото самоубиствено однесување.
Денешната фотографија што пристигнува од Дубровник совршено ги прикажува плодовите на долги години небрежност“, пишува dalmacijadanas.hr.
Ј.Ѓ