Премиерот Заев со поздрав до македонската фудбалска репрезентација, посакува репрезентативците овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фубал и да бидат запаметени како спортски херои.
„Вечерва нашите фудбалски јунаци ќе истрчаат на теренот во Тбилиси со една желба – да докажат дека се генерацијата која за првпат ќе ја однесе македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство. Им посакувам овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фудбал и да бидат запаметени како спортски херои. Убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе и дека денеска сите ќе се радуваме на победа.“ истакнува премиерот Заев во видео објавата.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски вечер во Тбилиси од 18 часот се среќаваат со грузиската селекција во меч кој победникот го носи на Европското фудбалско првенство.
Ј. Ѓ.