ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Аве, Цезари, карирани, на штрафти!

November 13, 2020 10:57
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Го слушам спортскиот коментатор како егзалтирано, со насолзени очи вреска во телевизискиот микрофон, засипнат и во националистичко бунило, славејќи ја победата на националната фудбалска репрезентација, бидејќи земјата, која со години беше оставена надвор, во „фудбалската дивина“, сега конечно ќе заигра на Европското фудбалско првенство! Фудбалските репрезентативци се прогласуваат за национални херои, тренерот е издигнат во статус на полубожество, а следуваат и пригодни психијатарски  анализи за духот на нацијата, за славното минато, за светлата иднина и за други слични глупости.

Се работи за коментаторските импресии од фудбалската репрезентација на Шкотска, која во вчерашниот решавачки меч за квалификациите, после резултат од 1:1, на пенали ја победи Србија, за да се пласира на Европското фудбалско првенство.

За разлика од Шкотот, нашиот коментатор отиде и една пискава октава повисоко, па вивнат во сличните неконтролирани спортско-патриотски вознесенија, почна да тресе зелени и за фудбалската гордост на православните христијани од земјава за тимот во кој играат и даваат феноменални пасови и голови и по еден Бесарт, Ферхан, Езџан, Енис, Елиф итн.

Владата (Македонската, не Шкотската) истата вечер не додржа, итно свика седница – или можеби и така заедно (на дистанца и со маски, под будното око на Филипче!) го гледале натпреварот – и донесе вонредна одлука на сите фудбалски национални херои од теренот и на клупата да им се доделат (од стратегиските резерви на Буџетот!) по 10.000 евра за овој светски глобален историски епохален пласман во Европскиот куп над куповите, со што сигурно се трасира нашиот несопирлив пат во евро-интеграциите!

(Памтам, пролетоска, за време на врвот од епидемиската трагедија во Шпанија, еден тамошен лекар, исцрпен и на работ од нервите заради долгите дежурства во катастрофалната состојба со здравствениот систем во земјата, беше изјавил: „Е, па, сега одете да ве лекуваат Роналдо и Меси, кои ги плаќате по 100 милиони евра годишно!!!“)

А, додека ова го читате, ако се беше кренала маглата на скопскиот аеродром за од небото на земи да слетаат Фудбалските Наши Ангели, на главниот плоштад во Скопје, под височините на победничкиот ни херој Аце и вивнатите копита на неговиот му Букефал, бездруго се прави велелепен пречек со кутлешки знамиња, вувузели, навивачки орди и слични керефеки, каде сигурно ќе се обрати барем Таткото на Градот, ако беше се отрезнил од емоциите и другите возбуди по бурната славеничка ноќ!

Аве, Цезари!

Од кабинетските снимки, подоцна, ќе видиме како насмеаниот Прв Струмичанец го гушка, го целива (со маски и на дистанца!) и му честита на насмеаниот Прв-До-Него Струмичанец за неговите капитенски и голгетерски квалитети, свесни дека европските, сегашни и идни, успеси на двајцата мора да се должат на френките и чушките што ги јаделе како мали. Или е од тоа – или има нешто во струмичкиот водовод, што сме на пат да го легализираме…

Па, дури и привремениот управител на претпријатието за погребални политички услуги им го честиташе успехот на фудбалериве со пригоден парастоски фејсбук статус: „Колку сме, толку сме, токму сме!“… Што и да сакал поетот да каже со тоа.

Значи, молам, секој сака победи!

Ама нацијата со загрозена европска иднина, со векови окружена од „поголемите браќа“ од кои не може да дојде до полн израз, потиштена од ковидската катастрофа, осиромашена и трезна – е, тие, Шкотите, карирани и на штрафти, најмногу сакаат патетично да им се радуваат на фудбалските успеси еднаш во 50 години, кога сè друго е одложено за подобри некои времиња.

Радувај се, нацијо!

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Дејвид Атенбороу со нов документарец го одбележува својот 99. роденден

May 9, 2025
ДЕЗИНФОРМАЦИИ - илустрација креирана со помош на deepAI

ВИ: Лажните факти и претстави на четботовите сѐ уште проблем

May 9, 2025

„Комодор 64“ се поврза со „Чет-ГПТ“

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk