ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарската потпретседателка Јотова: Не може да има компромис со нашата историја

Таа во изјавата потсетува и дека Бугарија е под мониторинг на Советот на Европа во врска со „тврдењата на една организација за македонско малцинство“, додавајќи дека и покрај многуте напори за негово прекинување, мониторингот и натаму продолжува. Јотова нагласува дека задача на бугарските претставници е овој мониторинг да биде укинат час поскоро, затоа што, според неа, тој е правно неодржлив, имјаќи предвид дека бугарскиот Устав не познава малцинства

November 16, 2020 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија мора да стои цврсто на ставот базиран на заклучоците на Консултативниот совет за национална безбедност, што беа усвоени од бугарскиот претседател минатата есен, како и на рамковната позиција на Владата и на декларацијата на Националното собрание, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова за БГНЕС, коментирајќи ја позицијата на Софија во однос на одобрувањето на преговарачката рамка на земјава со ЕУ.

– Не може да има компромис со нашата историја. Длабоко сум загрижена од тоа што се случува. Само до пред една година, сметав дека сите клаузули запишани во Договорот за добрососедство ќе станат дел од европската рамка кога ќе почнат преговорите со Република Северна Македонија. Имавме гаранции од разни форуми, не само од Советот на министри за надворешни работи и од Советот за општи работи, тврди Јотова.

Таа во изјавата потсетува и дека Бугарија е под мониторинг на Советот на Европа во врска со „тврдењата на една организација за македонско малцинство“, додавајќи дека и покрај многуте напори за негово прекинување, мониторингот и натаму продолжува. Јотова нагласува дека задача на бугарските претставници е овој мониторинг да биде укинат час поскоро, затоа што, според неа, тој е правно неодржлив, имјаќи предвид дека бугарскиот Устав не познава малцинства.

– Го давам овој пример за да нагласам дека тој дефинитивно треба да биде вметнат во преговарачката рамка со Република Северна Македонија, како во однос на идните можни територијални претензии, така и во однос на малцинствата и во однос на јасниот текст за јазикот, наведува Јотова во изјавата.

Next Post

Аууу, отиде бугарскиот воз во пченките!

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk