Зелените вредности треба да станат мејнстрим и тие не треба да се дел од зелените партии туку треба да се прифатени од сите партии. Зелените вредности се подржани од СДСМ, а потоа влегоа и во владините процедури, истакна Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, на Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“. ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.
Алаѓозовски нагласи дека имавме една фрустрација во 2008 година од блокадата од Грција и видовме како се однесуваше тогашната власт, за разлика од сега кога власта повикува да не се користи говор на омраза, да има дијалог, да се елиминира дискриминацијата.
„Студиите кажуваат дека спроведувањето на Рамковниот договор не дава значајни резултати и дека има се уште недоверба и етничка поделеност и има потреба од уште работа.
Политиките треба да се патриотски, но не да се тесно поврзани за една нација. Граѓаните се одлучуваат за ненационални, прогресивни партии, но има и такви етнонационални партии кои се загрижувачки.
Има премногу предрасуди, фрустрации, знаат да ги обвинуваат другите за својата неспособност, и тоа треба да се искорени.
Употребата на зборовите и стереотипите кога доаѓаат од устите на тие што имаат функции може силно да одекне. Кога ја креиравме стратегијата за едно општество за сите водевме сметка и за меѓупартиската поделеност…
Оние формални и неформални центри на моќ кои предизвикуваат недоверба и поделеност помеѓу граѓаните треба да се дестимулираат. Кога ја создававме стратегијата за едно општество ја увидовме потребата да се дестимулира говорот на омраза и насилниот екстремизам.“, истакна неколку поенти Алаѓозовски.
„Во судската практика има многу малку практики, односно случаи кои се осудени за дела сторени од омраза. Пример дека државата има сила и можности да се справи со национализмот и омразата е пресудата за насилството од 27 април во Собранието. Во моментов има зачестени санкции за говор на омраза или за дела сторени од имраза на социјалните мрежи.“, нагласува Алаѓозовски
Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, информира дека во соработка со Агенцијата за млади и спорт, се планира да се формира сектор за да се обучат полицајци кои ќе ги препознаат и работат со екстремните групи и да ги дестимулираат. /ЦИВИЛ МЕДИА/