Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе дува умеран, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува, а ветерот дополнително ќе засили.
Максималната дневна температура ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност, попладне со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.
Под влијание на продор на студена воздушна маса во сабота ќе дува силен северен ветер, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневната температура осетно ќе се намали. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.