Општина Штип, во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, започна процес на вклучување на граѓаните во подготовка на Предлог програмите за работа на Општина Штип и на Јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион 2002“, за 2021 година.
Во изминатите години, Општина Штип и ФРЛЗ организираа форуми во заедниците каде што граѓаните дискутираа за своите предлози, но оваа година во согласност со протоколите на Комисијата за здравство на Владата, постапката на прибирање на предлозите од граѓаните ќе се одвива електронски.
Општина Штип ги повика сите заинтересирани граѓани, граѓански организации, урбани/месни заедници и претставници на бизнис секторот да се вклучат во предлагање на приоритетни проблеми и/или решенија за 2021, со пополнување на електронски прашалник најдоцна до 27.11.2020 (петок).
Прашалникот дава можност на граѓаните да ги истакнат своите предлози за секоја урбана заедница поединечно со точно потенцирање на приоритетите на граѓаните.








































































































