ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Сопствениците на приватни болници со позитивен став за користење на нивните ресурси од страна на државата, драматична состојба со ковид-19 во регионот…

November 20, 2020 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Филипче: Сопствениците на приватните болници со позитивен став за користење на нивните ресурси од страна на државата. Со оглед на тоа што за првпат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела.

На локалните избори во Штип право на глас имаат 41.777, а во Пласница 4.954 гласачи.

ДЗС: Просечната нето плата во септември била 27.405 денари. Зголемување на исплатената бруто плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите преработувачка индустрија за 10,7  отсто, уметност, забава и рекреација за 10,6 и дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2 отсто.

Шахпаска: Изедначувањето на боледувањето поради ковид-19 во јавниот и приватниот сектор е правично за сите вработени. За боледување поради КОВИД-19 вработените и во јавниот и во приватниот сектор ќе добиваат 70 проценти од платата за отсуство до седум дена, 80 проценти за отсуство до 15 дена и 90 проценти кога се на боледување над 15 дена. Во првите 30 дена исплатата на боледувањето е на товар на работодавецот, а потоа на Фондот за здравствено осигурување.

Сведоштва на пациенти во инфективната болница во Штип: Цел ден под скафандери, секој ден ги гледаме истите фигури, не знаеме како издржуваат. Иако во јавноста во изминатиот период се споделуваше видео со незадоволен пациент, сепак овие изјави покажуваат дека пациентите имаат и позитивни искуства со медициснките работници во овој ковид центар и дека и самите согледале колку персоналот е оптоварен со работа и постојана грижа за пациентите.

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Зелениково и уште шест лица за злоупотреба на службената положба.

Активисти на УМС Гази Баба го запалија бугарското знаме, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека е лажна вест. Во позадина на објавениот видео материјал се слуша и химната на ВМРО-ДПМНЕ. Линк до видеото.

Драматична состојба со Ковид-19 во целиот регион – преземени приватни клиники. Според последните податоци, досега во Македонија се регистрирани вкупно 51.213, бројката на оздравени пациенти е 30.204, на починати е 1.423, а бројот на активни случаи изнесува 19.586.

Царовска: Да создадеме свет каков што замислува секое дете. Министерката за образование и наука Мила Царовска го честита Меѓународниот ден на детето и се приклучува кон глобалното одбележување.

Заев: Сакаме образование што ќе изгради личности кои што ќе ги почитуваат граѓанските права, толеранцијата и различностите. Премиерот Зоран Заев, во поздравниот говор, посочи дека цврста намера на Владата е да дизајнира образовен систем што ќе создава личности кои ќе размислуваат критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти, докази и анализи.

Во Солун слободни само осум ковид-кревети. Од 651 кревет наменет за пациенти со Ковид-19 на Одделенијата за интензивна нега во болниците во цела Грција, исполнети се 85 отсто, односно слободни се само 96 легла, јави дописничката на МИА од Атина.

Фајзер побара од регулаторното тело на САД да одобри итна употреба на нивната вакцина. Фармацевтските компании соопштија дека поради добрите резултати од студијата, брзо треба да се одобри поширока употреба на вакцината, а тоа може да го стори американската Администрација за храна и лекови (ФДА), дури и пред крајот на последната фаза на тестирање.

 И.Т.З.
Next Post

„Зрак по мракот“ – филм за храброста да се затвори кругот на насилството

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk