ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Сведоштва на пациенти во инфективната болница во Штип: Цел ден под скафандери, секој ден ги гледаме истите фигури, не знаеме како издржуваат

November 20, 2020 15:58
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
„Во време на овој страшен бран на Ковид -19, кога вирусот буквално прави пустош насекаде низ светот и сите болници ги преплави со тешки и критични болни, сакам уште еднаш да упатам поддршка за сите здравствени работници. На Инфективниот оддел во КБ Штип, далеку од тоа дека е идеално, не е дека немаме проблеми (заболен, изолиран, преморен персонал), но и не е баш се така црно и катаклизмично како што некои сакаат да го прикажат. Намерно, од незнаење или од убеденост сеедно“, напиша на својот Фејсбук профил, директорот на КБ Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Во прилог на својот пост, Ѓеорѓијев постираше видео изјави на пациенти, дадени за МИА, при изготвувањето на репортажа за Инфективниот оддел, снимени на на 17.11.2020 година.

 

„Здравствените работници од чистач до доктор, сè е на највисоко ниво. Немаат никакви слободни денови, секој ден ги гледаме истите фигури тука, секој ден се на работа, јас не знам како издржуваат и како можат да го поднесат ова“, вели пациент од инфективното одделение од Штип.

Тој е еден од тешките случаеви, кој е во кревет, кој вели дека ова го доживеал како многу тешка болест, во првите неколку денови бил и на кислород, а истовремено боледува и од дијабетис. За другите луѓе препорачува сите колку можат повеќе да се чуваат и да внимаваат за да не дојде до вошување и кај нив.

„Без кислород не сме останале, без лекарства не сме останале. Нема што да кажеме. Од 4:30 наутро сестрите почнуваат да делат терапија, ние спиеме, тие уште од тогаш почнуваат. Многу се оптеретени, по цел ден под тие скафандери не знам како издржуваат“, вели друга пациентка за медицинскиот персонал и докторите во КБ Штип.

Иако во јавноста во изминатиот период се споделуваше видео со незадоволен пациент, сепак овие изјави покажуваат дека пациентите имаат и позитивни искуства со медициснките работници во овој ковид центар и дека и самите согледале колку персоналот е оптоварен со работа и постојана грижа за пациентите.

С. М. Ж. 

 

Next Post

Во Солун слободни само осум ковид-кревети

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk