-Опозицијата не сака онлајн седници за да предизвика криза со буџетот, а потоа да ја обвинува власта за неспособност. Сите аргументи кои во јавноста ги нуди опозицијата не се сериозни или не се доволно силни, прво да ги уверат граѓаните, а потоа да го премислат владејачкото мнозинство во намерата преку онлајн седници да обезбедат поголемо присуство на пратениците, оти и тие не останаа имуни на Ковид 19.
-Во Скопје приведен криминалец баран 2,5 години од Интерпол и германската полиција. Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница ги приведоа С.Х.(44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измами и пирамидални шеми со измами.
-Рокот за аплицирање за Четвртиот сет мерки во секторите туризам и угостителство продолжен до 4 декември.
-Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки. На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.
-Ангелов: Околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти. – Ние не праќаме војска затоа што граѓаните прават нереди во болниците, туку превентивно да го одржуваат редот за да можат здравствените работници непречено да ја вршат својата работа, изјави Ангелов.
Милевски: Три „Пластикмати“ за рециклирање во Кумановскиот регион, за секое шише граѓаните добиваат поени за пазарење. Според амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер на овој начин, преку стимулација за селекција и реупотреба на отпадот, граѓаните ќе се едуцираат за бенефитите од рециклирањето….