– Антонио Милошоски, тој човек кој беше и министер за надворешни работи, кога доаѓаше во Софија, меѓу другото спиеше и во мојот дом, ми раскажуваше каков шок било за него и како плачел кога сфатил дека е Бугарин. Во моментов тој е предводник на анти-бугарската кампања. За какви луѓе станува збор?“, прашува Љубчо Нешков, новинар на БГНЕС, за Антонио Милошоски.
Нешков во изјавата истакнува дека не верува дека е можна оставка на Заев и додава дека Владата му е стабилна.
Тој ја нагласува важноста на интервјуто на Заев и потенцира дека тоа предизвикало силни реакции во Македонија.
Новинарот појаснува дека Бугарија не става вето за целосна суспензија на Северна Македонија за започнување преговори со ЕУ, туку дека Бугарија во моментов не го одобрува датумот на почеток на преговори, а тоа, според него е последица од неспроведувањето на Договорот за пријателство од 2017 година.
„Властите во Скопје и Софија ќе бараат излез. Тие нема да се занимаваат со анализа на она што се случило (реакциите во Македонија по бугарското„ не “)“, предвидува Нешков.
Ј. Ѓ.