ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Бучковски: Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности

November 27, 2020 14:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владо Бучковски е универзитетски професор по римско право и видна политичка фигура. Тој е поранешен премиер и два пати беше министер за одбрана, а своевремено беше и претседател на СДСМ. Македонија доби кандидатски статус за членство во ЕУ во 2005 година за време на неговиот мандат како премиер. Тоа е неговиот клучен успех во политичката кариера.

Проф. Бучковски е уважен експерт, интелектуалец и политичар, чии анализи и пораки произлегуваат од неговото големо искуство. Во ова интервју за ЦИВИЛ МЕДИА тој одговори на четири важни и актуелни прашања.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се перспективите на С. Македонија во контекст на несигурните балкански соседи?

БУЧКОВСКИ: Северна Македонија нема алтернатива. ЕУ е нашата стратешка цел, затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите со ЕУ. Евентуалната политичка криза во нашата држава (при опстојување на Бугарија на ветото и на декемврискиот самит на Советот на ЕУ), дополнително ќе ги искомплицира и така комплицираните состојби во нашиот регион на Западен Балкан. Да се потсетиме, евидентна е кризата на Косово по обвиненијата на Специјалниот суд против поранешните лидери на ОВК. Претседателот Хашим Тачи си поднесе оставка… Во Црна Гора се промовира нова Влада со многу контроверзии околу нивната прозападна (проевропска) ориентација… Босна и Херцеговина, федерацијата е на стаклени нозе… Република Српска е темпирана бомба! Албанија е во пресрет на парламентарните избори со длабока политичка поделеност на власта и опозицијата и отворен судир на Владата на Рама со Претседателот Мета. Србија навидум е политички стабилна, но верувам свесна дека без признавањето на независноста на Косово, нема шанси за членство во ЕУ.

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е улогата на Русија во поглед на ЕУ интеграциите на С. Македонија?

БУЧКОВСКИ: Русија, според мене, е охрабрена од последните случувања во нашиот регион… Победата на опозицијата во Црна Гора, развојот на настаните на Косово, но и бугарското вето за нас, ги враќаат во игра алтернативните решенија за нашиот регион. Геостратешки, позициите на ЕУ, без забрзување на процесот на проширување, ќе слабеат, ќе се остави простор за поголема пенетрација на руското влијание, но и на кинеското.

ЦИВИЛ МЕДИА: Какво влијание има Русија во градењето на односите на нашата земја со соседите?

БУЧКОВСКИ: Јас никогаш не сум го потценувал и влијанието на Русија во бугарско-македонските односи. Сведоци бевме како заврши барањето на нашата православна црква, Бугарската православна црква да ѝ биде мајка! Рускиот патријарх Кирил го искористи своето влијание во синодот на БПЦ да не дојде до дополнително зближување на нашиот и бугарскиот народ! Полза од тоа имаше и Српската православна црква (пак таа оска Москва -Белград)!

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ќе ги коментирате изјавите на премиерот Заев за БГНЕС и реакциите кои уследија?

БУЧКОВСКИ: Ние деновиве поминуваме низ една специфична катарза. По интервјуто на Заев за БГНЕС. Мене ова ми е веќе Deja Vu. Пред 14 години, кога по средба со бугарскиот премиер Станишев, проговорив дека доаѓа време кога врз основа на заедничката историја треба да градиме заедничка иднина со тоа што ќе почнеме заеднички да ги чествуваме Св. Кирил и Методиј и зошто да не и Илинденското востание, бев дочекан на нож од дел од медиумите. Имаше превирања и во самиот СДСМ, беа нарачувани колумни против мене, се ширеше говор на омраза. Денес повторно, но со посилен интензитет, се обвинува за распродавање на македонската историја друг (Премиер). Зошто? Затоа што, според мене, Заев од петни жили се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности!

Next Post

Генерал Апостолски: Бугарската војска учествуваше во ослободувањето на Крива Паланка, Куманово и други места

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk