ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Здравствениот систем се подготвува за вакцинација за Ковид-19

December 2, 2020 11:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во синоќешното госување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, Министерот за здравство д-р. Венко Филипче, меѓу другото, се осврна и на вакцините за ковид-19, тогаш кога истите ќе бидат достапни, напоменувајќи дека веќе се работи на групите на граѓани за кои ќе има препорака да ја примат оваа вакцина.

„Вакцинацијата со оваа вакцина ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведе здравствениот систем, за што веројатно ќе ни треба помош и од други сектори – да се примат вакцините, соодветно да се чуваат, да се транспортираат, дистрибуираат до местото каде што ќе се аплицираат на лицата кои претходно ќе бидат селектирани како ризични групи што треба да ја примат вакцината, и ние веќе на ова поле сериозно работиме. Ние ги ангажиравме сите економски оператори коишто и сега ги чуваат и ги дистрибуираат вакцините. Тие изразија максимална подготвеност и согласност да го поддржат овој систем. Искомуницирани се сите вакцинални пунктови и една американска фондација. Добивме помош со фрижидери со температура до – 70 за вакцината „Фајзер“ единствена којашто е на таа температура, но ние мора да обезбедиме услови и за таа вакцина. Така што сметам дека во делот на прием, во делот на чување на вакцините, дистрибуција до местата каде што ќе бидат аплицирани веќе планот е спремен, но многу веројатно е дека во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа ќе изгледа.“- изјави министерот.

Филипче рече дека најверојатно вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти, а за што ќе биде организирана и обука. Тоа е планот, бидејќи најверојатно и следната година, тогаш кога ја очекуваме вакцината некаде во првите месеци, се уште ќе има пациенти заболени од ковид и лекарите и сестрите кои и сега работат и тогаш ќе работат со овие пациенти.

Филипче појасни дека треба да добиеме 400.000 вакцини, но дали ќе дојдат сите одеднаш се чека на одговор, а тоа зависи од механизмот на Ковакс.

„Ние испративме допис и чекаме одговор. Не сум сигурен дека и тие точно знаат заради тоа што првите количини, тоа е суштината на Ковакс механизмот ќе бидат дистрибуирани во сите земји во регионот коишто аплицирале за тој месец. Очекуваме да биде во март месец но не можеме да бидеме сигурни. Кој ќе биде вакциниран е многу важно прашање и препораки се да тоа најнапред бидат дравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите. “ – рече Филипче.

 

Next Post

Од утре започнува исплата на правата од социјална и детска заштита

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk