Земјотрес со јачина од 3,4 степени според рихтеровата скала во 14:09 часот денска е почувствиван на територијата на Македонија, Косово и Србија. Земјотресот според My Earthquake Alerts е со епицентар во близина на Скопје, поточно помеѓу Арачиново и насеба Илинден и е со длабочина од еден километар.
ЕДИТ: Се работи за два врзани земјотреси во исто време 14:09 часот. Вториот е посилен, со јачина од 3.9 степени, со епицентар на еден километар од Јурумлери во близина на Скопје, и е на длабочина од 10 километри.
Поради близината на епицентарот, земјотресот предизвика вознемирување на жителите на Скопје и околните места. Засега не се јавува за евентуални штети.
Ј. Ѓорѓиоски