Договорот од Преспа прави јасна дистинкција кога се употребува придавката „македонски“, тоа е наша идентитетска придавка. Патот напред се решенија преку дебата и разговори. Реално очекувам пријателска Бугарија да направи исчекор, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Владата излезе со демант за тектстот во порталот Курир, за наводната изјава на премиерот Заев за канал 77, дека со Бугарија се преговара за придавката „македонски“ – односно да нема македонска историја, туку историјата да почне со Северна Македонија.
Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, во изјава за Канал 77, во емисијата Стадион, во која гостуваше премиерот Зоран Заев, изјави дека не слушнал, ниту знае дека Холандија и Данска наводно биле на страната на Бугарија и дека двете европски држави го поддржуваат ветото за Северна Македонија.
Прагматичноста во политиката, тоа е патриотизам, кога двајца премиери од Грција зборуваат за македонска држава, за македонски јазик, за македонски идентитет. Никаде не сум избегнувал да ја користам придавката македонски, истакна Заев.
И во ЕУ ќе бидеме Македонци со македонски јазик, фала им на сите етнички заедници кои застанаа до нас. Ова прашање со Бугарија не обедини како никогаш повеќе, не обедини дома како етнички заедници“- изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто на Канал 77.
Историски факт е дека бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти. Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја, смета Каракачанов.
Филипче: Лек за ковид-19 сѐ уште нема, граѓаните да не купуваат лекови на црно. ниту еден граѓанин не треба да посегне да бара лекови кои не се докажани дека помагаат во лекувањето на овој вирус.
Ремдесивир и Фавира да се земаат само во консултација со лекарите. Ниту еден од овие лекови не се докажани дека помагат специфично за новата болест, порача министерот за здравство Венко Филипче.
Црвенковски и тие околу него имаат демократско право да реагираат. Во април имаме избор за претседател на СДСМ, имаме демократизирање на изборот, секој член ќе гласа. Ако некој мисли дека Заев треба да биде сменет нека повелат. Изборите се тука, изјави премиерот Заев.
Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци,190 милиони денари во земјоделското производство. Сите одобрени апликации добиваат до 20 илјади евра неповратни средства за реализација на предложените инвестиции.
Ј. Ѓ.






