ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Бугарија осамена во ветото, Берлин разочаран и со поддршка, геостратешка грешка – македонската иднина е европска, велат од Влада…

December 8, 2020 18:03
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Рот: Нема потреба од план Б за С Македонија, прашањето е кога, не дали. Ова за мене е и лично разочарување, како и за самата канцеларка (Меркел), ние сме посветени, но не бевме доволно успешни, почувствував огромна поддршка од другите земји членки, а португалското претседателство рече дека ќе се заложи. Можете да сметате на поддршката на федералната влада на Германија дека ќе продолжи да притиска, увери Рот.

Влада: Ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка – македонската иднина е европска. Во март, Советот на ЕУ даде едногласно зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија. Сите земји членки на ЕУ се согласија на тоа, вклучително и Бугарија. Во исклучително позитивниот извештај од Европската комисија за реформскиот напредок ние сме подобри од другите земји кандидати, па дури и понапред од некои земји кои веќе преговараат. – пишува во владиното соопштение.

„Политико“: Бугарскиот проблем со јазикот го блокира патот на С Македонија кон ЕУ. Бугарската блокада ги изнервира дипломатите од другите земји на ЕУ бидејќи билатералниот спор ја одолговлекува одлуката околу која сите членки се согласија и го загрозува она што многумина го сметаат за стратешки приоритет – зголемување на влијанието на ЕУ…

ЕПП без коментар за блокадата на Борисов во Советот на ЕУ. Во Европската народна партија членуваат владејачката ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и македонската ВМРО – ДПМНЕ.

Филипче: Фајзер одговори на дописот на МЗ, отпочнуваме преговори за набавка на вакцина директно од нив.  Третиот механизам, е преку земјите членки од ЕУ, заради тоа што во нивните договори освен за нивните граѓани, имаат една количина која е наменета за останатите земји кои не се членки на ЕУ – рече Филипче.

Филипче: Јас ќе се вакцинирам, вакцината е безбедна.  Верувам дека следната есен, следната Нова година навистина нема да има потреба за мерки никаде во светот, дека нема да има рестрикции, дека вакцината значајно ќе го подигне имунитетот – изјави Филипче.

За 10,7 отсто намален бројот на починати од Ковид-19, а за 4,2 отсто намален бројот на новозаразени. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37 отсто, соопшти Министерството за здравство.

Во ковид – центрите хоспитализирани 1.296 пациенти. Има околу 160 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Влада: Врвна транспарентност е наша приоритетна политика, ја зголемуваме транспарентноста на институциите и општините.

Хоџа: В петок состанок на тутунарите со откупувачите, а Министерство ќе посредува да се најде решение. Министерот Хоџа ги разбира маката и незадоволството на тутунарите кои цела година работеле и бараат реално да им се откупи тутунот. Подготвени сме, како што рече, активно да посредуваме за да се најде решение.

Апасиев ja „опомена“ новинарката Јордановска дека ќе ја тужел за објавена СМС коресподенција. „Ај вака… Ако ти речат: “Ќе те тепам” – тоа е закана. Ако ти речат: “Ќе те ТУЖАМ” – тоа е опомена – напиша Апасиев. 

Димче десет-нула-нула, новинарско прашање по СМС не е приватна кореспонденција.

Кажете му аман на Димче десет-нула-нула, дека кога новинар ќе му прати по смс прашање, одговорот на тоа прашање не е приватна СМС коресподенција, туку одговор на новинарско прашање, кое новинарот има апсолутно право да го објави во медиум – пишува Петрит Сарачини.

Притвор за осомничен кој прегазил пешак и го напуштил местото на несреќата. Сообраќајката се случила во неделата во 17.30 часот кај Слатино, а животот го загубил И. А (43) од гостиварското село Дебреше. По несреќата увид изврши полицијата и Обвинителството.

СВР Тетово: Глоби од 200 до 500 евра за продавање или активирање петарди. Во пресрет на новогодишните празници забележителни се многу импровизирани тезги пред се околу зелениот пазар каде се продаваат разни пиротехнички средства најмногу петарди.
И.Т.З.
Next Post

Модата се бори со пандемијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk