ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Фајзер одговори на дописот на МЗ, отпочнуваме преговори за набавка на вакцина директно од нив

December 8, 2020 17:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека компанијата Фајзер, која произведува вакцина за Ковид 19, одговори на дописот на Министерството за здравство дека може да отпочнат директни преговори за набавка на вакцина од компанијата производител. Во гостување во емисијата Магазин на телевизија Сител, Филипче рече дека нашата земја освен набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, стапи и во директна комуникација со Фајзер и Астра Зенека за набавка на дополнителна доза вакцини за вакцинација и ревакцинација на граѓаните.

– Оваа недела очекуваме одговор и од Астра Зенека што ќе значи дека преку овој  механизам со директна комуникација со комапаниите производители ќе преговараме за да обезбедиме дополнителна количина на вакцини. Третиот механизам, е преку земјите членки од ЕУ, заради тоа што во нивните договори освен за нивните граѓани, имаат една количина која е наменета за останатите земји кои не се членки на ЕУ – рече Филипче.

Што се однесува пак до Ковакс ситемот тој овозможува еднаков пристап до вакцините, на сите земји кои аплицирале во тој систем, што значи дека во исто врме првите количини вакцини ќе бидат еднакво дистрибуирани во соодветен процент според населението до сите земји кои аплицирале.

Министерот го објасни и процесот на вакцинација, кој рече дека ќе е многу комплексен но затоа се пристапило доста сериозно,анализирани се сите аспекти на вакцинацијата, а веќе течат активности за успешен процес на имунизација. Формирано е специјално координативно тело кое ги анализира сите аспекти на вакцинацијата – прием,чување, дистрибуција и практичната апликација на граѓаните.

Министерот го објасни системот на имунизација во сите сегменти.

-Во делот на чувањето ќе се користат магацините на економските оператори каде и сега се чуваат вакцините, единствено нешто што ќе биде додаток се фрижидерите на -70 степени за еден тип од вакцините. Фрижидерите ги добиваме како донација од американска фондација со која што имаме долгогодишна соработка и тие фрижидери ќе бидат тука веќе од јануари. Практично ќе бидат поделени кај сите економски оператори. Оттука тргнува процесот на дистрибуција кој е еднаков каков што е и сега за сите други вакцини, до сите ЈЗУ-а кои имаат пунктови за вакцинација, тоа ќе бидат Здравствените домови, ЦЈЗ и болници. Лекарите здравствениот персонал, медицинските сестри сите вработени кои што треба да се вакцинираат ќе се вакцинираат на местата каде што работат. Вакцинацијата ќе ја спроведат веќе искусни лекари и медицински сестри за кои ќе бидат направени дополнителни обуки -изјави Филипче.
Next Post

Да се потсетиме: На протест опозицијата со порака "Да живее Зоран Заев"

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk