ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерство за правда: Сите претставки од денешниот протест против извршителите ќе бидат разгледани

Граѓани денеска протестираа пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето на извршителите. Тие обвинија дека незаконски се блокирани илјадници трансакциски сметки и ги повикаа институциите да реагираат

November 19, 2019 18:20
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓани денеска протестираа пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето на извршителите. Тие обвинија дека незаконски се блокирани илјадници трансакциски сметки и ги повикаа институциите да реагираат, пренесува МИА.

– Извршителите ги чуваат старите сметки како старо вино и ги вадат од подруми со огромни камати за извршување. Ова е рамно на геноцид, изјави Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“.

Таа додаде дека иако има нов трошковник кој важи од 2019 година, извршителите вадат стари сметки од пред девет – десет години и за мали долгови бараат енормни суми.

Револтираните граѓани најавија нови протести доколку не се исполнат нивните барања.

Од Министерството за правда попладнево информираа дека сите претставки доставени од граѓаните од денешниот протест ќе бидат разгледани и ќе биде постапено по нив.

Оттаму наведуваат дека во текот на 2018 и 2019 година се извршени 99 надзори, а од страна на министерката за правда поднесени се 26 предлози за поведување на дициплинска постапка до Дисциплинската комисија при Комората на извршители.

– Од страна на претседателот на Комората на извршители како овластен предлагач за поведување на дисциплинска постапка во текот на 2018 и 2019 година, биле поднесени 3 предлози за поведување на дисциплинска постапка, додека претседателот на основниот суд како овластен предлагач на дисциплинска постапка нема поднесено ниту еден предлог. По поднесените предлози, Дисциплинската комисија на Комората на извршители во 2018 и 2019 година, изрече осум дисциплински мерки парична казна, една дисциплинска мерка со која се изрекува писмена опомена, една дисциплинска мерка со која се изрекува јавна опомена, две дисциплински мерки со кои се изрекува трајно оддземање на правото на вршење на должноста извршител и една дисциплинска мерка со која се изрекува привремено одземање на правото на вршење на должноста извршител во траење од шест месеци. При изрекувањето на дисциплинските мерки трајно и привремено одземање на правото на вршење на должноста извршител, Дисциплинската комисија донела и две решенија со кои е изречена привремена забрана за вршење на должноста – суспензија, велат од ресорното Министерство.

Само годинава се извршени 64 надзори од кои 24 биле вонредни по преставка од трети лица. Притоа, доставени се осум предлози за поведување на дициплинска постапка.

Next Post

Тоше Проески добива улица во селото Јабука кај Панчево

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk