ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Борисов – С.Македонија сама решава на кој јазик зборува, никој не го барал тоа од вас, Мицкоски со автосугестивна изјава: Јас сум единствениот што стои на браникот на криминалот…

December 10, 2020 18:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

(ВИДЕО) Борисов: С.Македонија сама решава на кој јазик зборува, никој не го барал тоа од вас, особено не јас. Борисов на средбата со Владо Бучковски рече дека бил изненаден од изјавата на неговиот пријател Зоран Заев кој го обвинил дека работел на подигнување на личниот рејтинг и дека Бугарија не го почитувала Договорот за добрососедство и пријателство.

Борисов: Сегашните и идните генерации нема да ни простат ако не најдеме компромис. Истовремено, двете влади си разменија обвинувања и критики. Официјална Софија му префрли на Скопје дека е заложник на „наследен тоталитаристички историски наратив“ и го обвини дека ги дезинформира и македонската и европската јавност.

Смилов за ДВ: Бугарија може да добие „црвен картон“ поради спорот со Северна Македонија. Бугарија честопати се наоѓаше во губитничка позиција во однос на нејзината македонска политика: најмалку две национални катастрофи беа директен резултат на тоа. Се разбира, вината за овие трагедии може да им се префрла и на нашите соседи и на големите сили – -пишува Смилков.

Бугарија го преименува празникот 24 Мај во Ден на бугарската азбука. Милен Михов од „Обединетите патриоти“ ја спореди позицијата на БСП со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој рече дека словенското писмо дошло во Русија од македонските земји.

Заев: Пописот на пролет е фиксна работа. Апелирам до Собранието брзо да го донесе Законот, заради тоа што е заглавен во Собранието и треба, според мене, да го донесат до крајот на годината за навреме да бидеме подготвени“ порача Заев.

Законот за попис помина во прво читање, опозицијата најави амандмани. Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека власта овој закон го изготвила нетранспарентно без консултација со сите заинтересирани страни, вклучително и без опозицијата.

Заев: Не замижувајте пред кои било форми на дискриминација. Да креираме и имплементираме мерки, напиша тој, за подобар, поотпорен, праведен и одржлив општествен систем кој, како што вели, се грижи за сите подеднакво без исклучок, порача Заев.

Мицкоски со автосугестивна изјава: Јас сум единствениот што се бори и стои на браникот на криминалот. -Јас сум единствениот што се бори и стои на браникот на криминалот – изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ во емисијата Студио 10 на телевизија 24 и како да потврди дека тој е предводник на криминалот во државата.

ЗаТатковинатаСоЉубов е платформа на која луѓето, волонтерски, даваат мислење, експертиза или совет.

ДСЗИ утре ќе спроведе инспекциски надзор за смртта на 28-годишниот пациент од ковид 19. Досега ДСЗИ има иницирано вкупно 25 вонредни надзори за сите, условно речено, помлади пациенти, од кои три само од последнава недела.

Хоспитализирани 1.313 ковид-пациенти во болниците во земјава. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Вистиномер: Бобан Нонковиќ шири дезинформации, ФДА не утврдила нус појави на вакцините против Kовид-19. Видео на Фејсбук шири дезинформации за ефектите од вакцините против ковид-19. Видеото за многу кратко време стана вирално, односно во моментот на нашата проверка тоа имаше 2.900 реакциии, 68 коментари и 5.100 споделувања, пишува „Вистиномер.мк“ во својата нова анализа.

Бочварски: Зелените коридори се еден од најуспешните примери на регионална соработка. Во рамки на Западен Балкан ваквите коридори се воспоставија на почетокот на КОВИД-19 пандемијата, со цел да се спречи недостиг на есенцијална стока и медицинска опрема.

И.Т.З.

Next Post

Нови 929 случаи на Ковид 19, оздравени се 1.068, меѓу починатите 28 лица и 22-годишен пациент

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk