ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ГАК за 22-годишната почината родилка со вирус: пациентката двапати одби хоспитализација

December 11, 2020 14:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бремената 22-годишна пациентка која вчера почина во ГОБ „8 Септември“ имала нерегулиран дијабетес и проблеми со тироидната жлезда. Утрото на 23 ноември ја примиле во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) со висока гликемија од околу 30, а претходно, ноќта на 22 ноември, двапати доаѓала но одбивала да биде хоспитализирана, изјави директорката на ГАК д-р Викторија Јовановска.

Иако и било кажано дека е ризично за неа и за бебето, одбивала хоспитализација во делот за ковид-пациенти, се почувствувала подобро по примената инфузија, за следниот ден повторно да дојде на Клиниката во многу лоша состојба.

– Не сакала да остане зашто требало да боде хоспитализирана во делот каде што се ковид-позитивните пациенти, а таа имаше негатиен тест. Меѓутоа, лабораторијата и клиничката слика укажуваа на тоа дека таа е ковид-позитивна. Сите пациенти што се со симптоми ги третираме како суспектни и ги ставаме во делот на ковид, но не со ковид-позитивните, туку со суспектните пациенти. И покрај тоа, пациентката одбила хоспитализација и кога дојде на 23-ти утрото веќе била со мртов плод и со многу влошена лабораторија, рече Јовановска.

Била префрлена во шок-соба и наредниот ден (24 ноември) со царски рез ја породиле. Плодот бил мртов од 4,3 килограми. Бременоста и била прва, но не одела редовно на контроли, а и дијабетесот зависен од инсулин не бил регулиран. Додека била на ГАК била третирана мултидисциплинарно – од ендокринололог, гинеколог и трансфузиолог.

Немала класични симптоми на вирусот, како температура и кашлање, но имала гастринтестинални тегоби – нагони на повраќање и дијареја. Направен и е ПЦР-тест кој покажал дека е позитивна. На 26 ноември, 22-годишната родилка била префрлена во ГОБ „8 Септември“ каде што вчера почина.

На новинарско прашање дали имало траги од семејно насилство бидејќи на ГАК дошла со крвавење од слузници, Јовановска одговори дека пациентката и семејството биле прашани и негирале, и додаде дека крвавењето може да е и поради состојбата во која била – покачени Д-димери, нарушена коагулација и абрупција на постелката.

Јовановска соопшти дека во ковид-одделот на ГАК досега хоспитализирале околу 310 пациентки од кои околу 180 се породени на Клиниката. Мал дел од нив завршиле во ковид-центрите. Бремените пациентки, рече Јовановска, обично имаат полесни симптоми доколку се контролирани и ако се јавуваат навреме на лекар.

– Апелирам до сите трудници да ги слушаат советите на докторите. Во овој случај, најверојатно  немаше да зборуваме за ваков исход, и за бебето, и за мајката, доколку пациентката го послушала советот на дежурната екипа. Тие ја молеле да остане, дури и семејството, и не успеале, рече директорката на ГАК. /MИА/

Next Post

Савески за МИА: Одлуката за куќен притвор на Мандиќ ја донесов јас, немало никакви влијанија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk