СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднеа кривична пријава против две лица од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Измама“ .
Првопријавениот кој бил вработен во АНБ во договор со второпријавениот, како униформиран полициски службеник во СВР Скопје, со намера да се стекнат со противправна имотна корист оствариле средба со оштетениот на која изнеле невистинити податоци со што ги довеле во заблуда оштетените.
Пријавените побарале парична награда во износ од 3.000 евра како би му помогнале да се избришат податоци.
За да издејствуваат парични средства, пријавените во неколку наврати преку телефонски повици и пораки барале остварување на нова средба кој се случила, каде оштетениот им исплатил дел од побараната парична награда односно 600 евра.
Од МВР известија дека двајцата осомничени се приведени и предадени на обвинителството со соодветна кривична пријава.





