ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров во Брисел на средба со сојузниците од НАТО

Државава моментно има статус на „поканета” земја за членство во НАТО активно ќе учествува во разговорите на сојузниците од Алијансата за комплексните стратешки прашања.

November 20, 2019 09:15
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата кој претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември, пренесе МИА.

Димитров учествува на состанокот на покана на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Државава моментно има статус на „поканета” земја за членство во НАТО активно ќе учествува во разговорите на сојузниците од Алијансата за комплексните стратешки прашања.

Според најавите, Димитров ќе ја реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја членка, по прашањата од исклучително значење за Алијансата: праведната распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, адаптирањето на НАТО политиките и стратегиите кон променливата безбедносна околина, контрибуцијата во меѓународните операции, справувањето со неконвенционалните безбедносни закани и други прашања од заеднички интерес.

Заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај вчера порача дека НАТО ги почитува роковите  и оти очекува земјава да стане полноправна членка на Алијансата на „почетокот на пролетта“.

– Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО не е доведено во прашање, само се чека завршување на процедурата на ратификација на протоколот за членство во сите земји членки на Алијансата – рече Апатурај во интервју за РСЕ , наведувајќи дека единствена отежнувачка околност е застојот во Шпанија околу формирањето влада.

Според Апатурај, на Самитот на НАТО што ќе се одржи на почетокот на декември во Лондон, „на сите ќе им биде јасно дека Северна Македонија е на прагот и оти наскоро ќе и се придружи“ на Алијансата.

Националното Собрание на Франција в четврток треба да расправа за Предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Долниот дом на францускиот Парламент се очекува по расправата да го ратификува Протоколот, откако претходно на 17 октомври тоа го стори Сенатот.

По француската ратификација ќе отане уште тоа да го стори Парламентот на Шпанија, кој се уште не е конституиран, со оглед на тоа што таму на 10 ноември се одржаа избори.

Придобивките од официјалното зачленување  во НАТО ги истакнува и Соломон Паси, почесен претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија, кој порачува дека кога земјава ќе биде и физички во НАТО, членството во ЕУ ќе биде многу полесна задача.

– Ќе седите на иста маса со истите луѓе, зборувате со нив за истите проблеми, не ве третираат како аспирант како некој што чука на вратата, туку ве третираат како еднаков член. Политиката е трговија со услуги. Штом сте во НАТО вие ќе почнете да тргувате со овие услуги, ќе станете дел од семејството – истакна Паси, при учеството на конференција за младите во организација на Евроатлантскиот совет.

Next Post

Почнува откупот на тутунот

НАЈНОВО

Пробив во базата на податоци на Универзитетот на Пенсилванија: Хакери испратиле навредливи пораки до студенти и донатори

November 4, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Дилемата на ЕУ: Комисијата нуди „морков“, членките бараат „навистина подготвени“ кандидати

November 4, 2025
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk