ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Христоски демантира: Немаше никакви „клоци” и „шамари”, имаше вербална расправија

December 17, 2020 15:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Немаше никакви „клоци“ и „шамари“, туку вербална расправија, а ситуацијата градоначалникот ја пријави во полициската станица. Ова е реакцијата на крушевскиот градоначалник Томе Христоски и е соопштено преку службата за односи со јавноста на локалната самоуправа, за наводните објави дека градоначалникот физички нападнал активист и член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.

– Одредени медиуми еднострано пренесуваат информации и одбиваат да ја слушнат и втората страна. Имено, партијата ВМРО-ДПМНЕ од Крушево синоќа објави дека, наводно, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, физички нападнал граѓанин на општината, односно, како што пишуваат од партијата – член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, соопштуваат преку службата за односи со јавноста од Општина Крушево.

На ваквите наводи Христоски реагирал веднаш на својот профил на социјалните мрежи, негирајќи каква било физичка пресметка. Во неговиот статус на социјалните мрежи стои:

-Почитувани сограѓани, како градоначалник и како крушевчанец нема да дозволам никој да им се заканува на граѓаните, ниту пак да прави конструкции и да изнесува лаги за политички профит. Помина времето кога врз основа на „силата” на партијата се заканувале, навредувале и тепале, дури и исценирале случаи во кои напаѓачот се преставувал жртва. Синоќа немаше никакви „клоци” и „шамари” како што очајно се обидува да се прикаже. Вечерва имаше вербална расправија во која цврсто застанав против заканите кон граѓаните од типот „ќе видите вие комуњари кога ќе дојдеме на власт” и други погрдни зборови и провокации. Случајот веднаш го пријавив в полиција поради лична, но и поради безбедноста на сите граѓани, стои во објавата на Христоски, соопштуваат од службата за одоси со јавноста на општина Крушево.

Христоски нагласува дека ќе продолжи градењето на Крушево според концептот „едно општество за сите.

Општина Крушево, како што се објавува, апелира двете верзии од овој настан да се земат предвид и да се даде еднаков простор. За потврда на фактите на располагање стои полициската станица во Крушево каде Христоски веднаш го пријавил случајот зашто навредите ги толкува како „закана за себе, за неговите деца, за семејството и за сите граѓани на Крушево“ кои не се согласувале со политичката опција. /МИА/

Next Post

Совет на министри: Бугарија наиде на целосно разбирање од ЕУ за нејзините напори по прашањето за С.Македонија

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk