Во моментов, од излозите на Универзална сала во Скопје. Во тек е годинешниот перформанс за Skopje Red Light District.На овој линк може да го видите перформансот во живо.
Коронавирусот навлезе во сите пори на општеството, па не е исклучена и културата. Најголем доказ за тоа се статистиките за бројот на претстави, концерти и приредби и бројот на посетителите.Во периодот 2019/2020 година вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 40,6 %, додека бројот на посетителите е намален за 39,4 % во споредба со периодот 2018/2019 година, соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 221.
Поетот и академик Радован Павловски е добитник на Повелбата „Блаже Конески“ што на секои пет години ја доделува Друштвото на писатели на Македонија.
Една компанија претстави апликација која може да го промени користењето на екраните на допир. Со апликацијата „Тачфри“ (TouchFree) се овозможува користење на овие екрани без директен допир. Командите се прават на „екран“ во воздух кој се наоѓа над вистинскиот екран.
Фановите на прерано починатиот музичар Влатко Илиевски со огромно задоволство го дочекаа објавувањето на неговата изведба на „Божиќна песна“ со хорот „Златно славејче“.„Божиќна песна“ е една од најубавите детски песни, кои секогаш ги слушаме со носталгија. Музиката и аранжманот ги потпишува Кире Костов, а текстот е на Љупчо Јакимовски.
Приведен скопјанец баран за сторено кривично дело „убиство“. Спроведен во затвор.





