ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кирил и Методиј се во преамбулата на словачкиот устав, а Бугарското собрание на 9. декември си ги присвои

December 18, 2020 10:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во преамбулата на словачкиот устав се именувани браќата Кирил и Методиј, кои Бугарија на 9 декември си ги присвои и официјално како бугарски со гласање во бугарското собрание. Дополнително, со гласањето за името на празникот 24 Мај, Бугарија ги присвои азбуките глаголица и кирилица како бугарски азбуки, објави Сакам да кажам.

Ваквата бугарска политика доведе и до вметнување на фразата „погрешно толкување на историјата“ во завршниот текст на заклучоците на ЕУ за проширувањето, кои што се однесуваат и на Македонија, но со ваквиот текст не се согласија Чешка и Словачка. Двете земји денеска дадоа и заедничка изјава, во која велат дека „нема да дозволат ЕУ да биде судија за нашата заедничка историја, како се идентификуваме или на кој јазик зборуваме“.

Практично, со бугарското вето за преговарачката рамка со Македонија и со одбивањето на Чешка и Словачка да ја потпишат изјавата за проширувањето на ЕУ, процесот за ширење на ЕУ кон западниот Балкан е сопрено.

Делото на Кирил и Методиј особено се цени во овие две земји, а Словачка ги споменува и во Преамбулата на својот устав како оставштина од претците.

„…Имајќи го на ум политичкото и културното наследство на нашите претци и искуството собрано низ вековите на борба за нашите национална егзистенција и државотворност, со обѕир спрема духовната оставштина на Кирил и Методиј и историското наследство на Велика Моравија, признавајќи го природното право на народите за самоопределување…“, стои во Преамбулата на словачкиот Устав.

Во Бугарија, среде обидите на германското претседателство да се најде компромис меѓу Бугарија и Македонија за наметнатиот од бугарска страна историски спор, беше направена промена на името на празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

На 9 декември, еден ден по бугарското вето за Македонија во Брисел, бугарскиот парламент го промени името на празникот на св. Кирил и Методиј – 24 Мај, на предлог на ВМРО на Красимир Каракачанов, со поддршка од ГЕРБ на Бојко Борисов. Првично идејата им беше 24 Мај да биде „Ден на бугарската писменост, просвета и култура“, но по жестока расправа, на крајот бугарските пратеници го усвоија називот „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.

Преамбулата на словачкиот устав, каде што се споменуваат Кирил и Методиј.

За време на расправата за името на празникот, пратеникот на владејачката ГЕРБ Тома Биков кажа дека „бугарскиот придонес за кирилицата со години е системски и грубо напаѓан од Русија и Македонија.

На тоа, опозицискиот пратеник до БСП Таско Ерменков му одговори:

„Тоа што во моментов го правите, како воведувањето на празник на бугарската азбука, ќе доведе до појавување на празници на руската азбука на македонската, на српската и на други азбуки. Не гледам како придонесувате за величање на Бугарија. Напротив, широко ја отворате вратата за дополнителни спорови“

Целиот текст на Сакам да кажам.

Next Post

ЕУ и Кина се близу до долгоочекуваниот договор за инвестиции

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk