Основниот кривичен суд во Скопје денеска му изрече една и пол година затвор на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски, кој се наоѓа во бегство во Грција, во повторената постапка за случајот „Тврдина 2″, пренесе МИА.
Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување документи поврзани со прислушувањето.
Изречената казна е иста како и првата пресуда која првостепениот суд му ја изрече, а Апелацискиот суд во Скопје ја врати на повторно судење, бидејќи не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.