ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Блокадата на Чешка и Словачка е удар и за германското ЕУ-претседателство

December 18, 2020 15:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Германската влада на крајот од своето шестмесечно претседателство со ЕУ доживеа уште еден неуспех. Чешка и Словачка вчера го блокираа усвојувањето на важниот текст– заклучоците за напредокот на Западен Балкан во процесот на проширувањето на ЕУ. Претходно Бугарија стави вето на усвојувањето на преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, што истовремено го блокираше и исто така планираното отпочнување на пристапни преговори со Албанија, пишува ДПА, а пренесува Дојче веле.

Ситуација се смета за прилично проблематична, со оглед на тоа што земји како Русија, Кина и Турција се заинтересирани за привлекување на  балканските држави на своја страна.

Бавните напредоци во изградбата на односи со ЕУ можат да водат и кон запоставување на од Брисел бараните реформи за поголема демократија и владеење на правото.

Оттаму разбирлива е фрустрацијата која вчера беше присутна кај дипломатите на ЕУ.

„Трагично е за Западен Балкан што во политиката на проширување повеќе табори во ЕУ меѓусебно се блокираат”, се вели во Брисел. Тоа испраќа „катастрофален сигнал” кон Балкан и отвора шанса за други актери.

Посебно незадоволство се изразува што амбасадорите од Чешка и од Словачка во средата се согласиле со текстот на заклучоците, а вчера ја повлекле согласноста и ставиле вето. Главна причина за сегашната блокада во однос на политиката кон Балкан претставува спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија околу делумно заедничката историја. Бугарија ја обвинува Северна Македонија за „кражба на историјата”, одбивајќи да го признае македонскиот јазик за посебен, туку Софија го смета за бугарски дијалект.

Чешка и Словачка синоќа го образложија своето вето со лутината поради блокадата на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Освен тоа, тие конкретно критикуваат што на притисок од Бугарија во заклучоците е вметнат дел за спорот околу историјата со Северна Македонија.

Германското претседателство во последниот период вложуваше интензивни напорида ја придвижи Бугарија за попуштање во спорот со Северна Македонија, но владата во Софија остана тврдо на својот став. Во балканските земји кои аспирираат за влез во ЕУ покрај Србија и Црна Гора спаѓаат и Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. Со Србија и Црна Гора веќе официјално се водат преговори за прием, а за Северна Македонија и Албанија, по повеќемесечни интерни дискусии во ЕУ, пролетоска беше донесена одлука за почеток на преговори. БИХ досега се сметаат само за потенцијални кандидати за преговори со ЕУ, пишува ДПА.

Next Post

Зошто во учебниците по историја се крие дека Ѓорче Петров бил ликвидиран по нарачка на Тодор Александров?

Shortcut

Најново

Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk