ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лазаревски за Фронтлајн: Јас веќе поднесов оставка од УО на Агенција за филм, чекам повратен одговор

December 19, 2020 12:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА

Новоназначениот в.д. директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски во телефонска изјава за Фронтлајн изјави дека поднел барање за оставка од Управниот одбор на истата институција и дека се чека конечната одлука на Владата. Според Лазаревски, одлуката ќе биде соопштена многу скоро, веројатно на следната владина седница, најверојатно во понеделник. Во секој случај, неговата оставка не е спорна, прашање е на нејзиното службено процесирање.

„Јас поднесов оставка од фукнцијата член на Управен одбор во Агенцијата за филм на 10.12.2020. Сè уште немам право на потпис и ја чекам финалната одлука по моето барање. Значи, јас дадов оставка од УО и уште не сум потписник како в.д. директор во Агенцијата за филм“, изјави Лазаревски за Фронтлајн.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) излезе со изјава дека во овој случај има кумулација на функции, што е спротивно на Законот.

„Утврдивме дека новиот директор на Агенцијата за филм бил назначен без претходно да биде разрешен од функцијата член на Управниот одбор на истата институциија. Ова значи дека има кумулација на функции, што е спротивно на законот, изјави за Фокус претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Лазаревски изјавата на Антикорупскиска смета дека е нивно, субјективно толкување на Законот и вели дека според него, нема кумулација на функции.

„Сметам дека нема кумулација на функции. Законот вели дека не смее функционер да биде назначен за член на УО. Би ималокумулација на функции доколку би било обратно, ако од функција директор би ме назначиле за член на УО. Јас сè уште не сум потпишал ништо, и во секој случај нема кумулација на функции“, вели Лазаревски за Фронтлајн.

Антикорупција најави дека в понеделник ќе излезе со соопштение за целиот случај.

Владата на седницата на 15-ти овој месец го назначи Бојан Лазаревски за вршител на должноста директор на Агенцијата за филм, откако беше разрешен неговиот претходник Горјан Тозија. Антикорупциската комисија отвори предмети за работата на Тозија за предвремената исплата на сите одобрени филмски проекти од Агенцијата. Предметот ја испитуваше законитоста на ургентното исплаќање на сите филмски проекти од страна на Агенцијата за филм во март на почетокот на коронакризата.

„Транспаренси интернешнел Македонија“ на 6 јули до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Тозија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена должност, конкретно за незаконските исплати од Агенцијата, а врз основа на новинарски извешаи.

Мандатот на в.д. директотор трае шест месеци.

И.Т. Зафировска

Next Post

Јовановиќ: И покрај неговата хуманост, градоначалникот Митко Јанчев секојдневно добива закани

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk