ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонските граѓани не си легнаа на 31 декември ‘43 како Бугари, за следниот ден на 1 јануари ‘44 да се разбудат како Македонци

December 21, 2020 11:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските граѓани на 31 декември 1943 година не си легнаа како Бугари и сабајлето на 1 јануари 1944 да се разбудат како Македонци. Тие се Македонци низ вековите наназад, се чувствувале Македонци и се чувствуваат Македонци, тоа е нашиот директен одговор.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на последните изјави на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој рече дека „секој што прочитал барем пет страници историја, знае дека Македонците пред ’44 биле Бугари“.

Заев вели дека нема потреба да се испраќа протестна нота, бидејќи станува збор за јавна изјава, на која тој јавно одговара.

-Во духот на пријателството, продолжуваме со внимателен наратив, но секако на тоа што не повредува директно реагираме. Ние сме Македонци, ние сме биле Македонци и остануваме Македонци и апсолутно апелирам до пријателска Бугарија, посебно до општествениците и до мојот пријател Красимир Каракачанов, со кој имам навистина пријателски односи, да знаат колку и да е тоа податливо во Бугарија, колку и да не знам како се сфаќа, овде повредува, затоа што  повредува некој кога разговара за твоите чувства, тогаш тоа е болно без разлика дали сте во Македонија, Бугарија, Грција, Америка, Пакистан, Русија или каде било, порача Заев.

Нагласи дека секој секаде во светот има право да се определи онака како што се чувствува, нашето право на самоопределба е наше суверено право, а нашиот суверенитет Бугарија прва го има признато во светот.

-Прва соседна земја, која ја има признато Република Македонија тогаш, сегашна Република Северна Македонија. Јас верувам дека ако се Европејци, европските вредности се навистина почитување на нашето право на идентитет, а тоа е дека сме Македонци, кои зборуваме македонски јазик, а согласно тоа и почитување на нашите права на определба, на нашите корени, рече Заев.

Премиерот потенира дека ние ја знаеме нашата сесловенска историја, го знаеме кириличното писмо, ја знаеме глаголицата, го знаеме растот и развојот на македонскиот јазик и додаде дека тоа нема никакви допирни точки да го стави под прашалник или на кој било начин да му наштети на бугарскиот јазик и на бугарскиот идентитет.

-Точно е дека имаме заедничка историја ние тоа сме го прифатиле, точно е и дека имаме засебна, посебна историја. Двете земји да бидеме паметни заедничката историја да ја гледаме како нешто што не прави поголеми пријатели заради подобра соработка, наместо нешто што не дели. Секако следува сериозен период на горчини кај нас затоа што никој не се надеваше дека Бугарија може да ни стави вето, да ни стави блокада и тоа е болно и тоа е тешко и тоа е трагично и тоа е катастрофално, затоа што прашањето кој денес ја пишува историјата и каква историја пишува, ќе кажат генерации по 20/30 години што направиле Борисов и Заев во тоа време или Захариева и Османи, или Каракачанов и Димитров итн. Наша должност е да отвораме перспективи за граѓаните, за децата, во периодот кој што претстои, ако сме паметни минатото да го користиме за да не сплотува, а деталите за историјата да ги оставиме на историчарите, порача Заев.

 

/МИА/
Next Post

Пладневен преглед: Пропадна бојкотот на опозицијата - Собранието го усвои Буџетот за 2021 година, забрана за летови од В. Британија и самоизолација, задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk