Пратениците во Собранието вчета вечер со 62 гласа „за„, без „против“ и „воздржани“, го изгласаа Буџетот за 2021 година. Собранието го донесе и Законот за извршување на Буџетот. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Забрана за летови од Велика Британија и 14 дена задолжителна самоизолација. Комисјата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои на утринскиот состанок превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.
На прес-конференцијата во Владата, премиерот Заев порача дека без разлика што Европската унија испрати лош сигнал, земјава останува посветена на европските реформи кои следната година ќе продолжат со посилен интензитет.
ФРОНТ:
Летаат во авион Тито, Хитлер и Захариева… пишува Сашо Орданоски.
Јазикот и географијата не заебаваат – пишува Бранко Тричковски.
Владејачкото мнозинство ќе ги повлече предлог измените на Законот за надворешни работи со кои се предвидува амбасадор освен македонско, да може да има и друго државјанство. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе го блокираат неговото донесување со поднесување 300 амандмани.
Бесплатна лекција по македонски правопис од Ружица Пејовиќ, лекторка.
Одложена амандманската расправа за законското решение за задолжително пензионирање на 64 години.
Проблемите на Бугарија со Северна Македонија денес се резултат на немањето национална политика за Бугарите во странство, објави на Фејсбук бугарската потпретседателка Илијана Јотова.
Од денеска за влез во Србија задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Бројот на заразени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата во светот достигна 77 милиони. Новиот вид на коронавирус, идентификуван во Велика Британија е до 70 проценти позаразен, но не се смета за посмртоносен, па затоа вакцината треба да биде ефикасна, соопшти британскиот премиер Борис Џонсон.
Тетовската полиција заплени околу 30 илјади парчиња пиротехнички средства. Тие се најдени кај 41 годишник од Мала Речица во објект во градот.
Фунтата денеска падна во однос на доларот и еврото, откако британската влада објави нови ограничувања за спречување на брзото ширење на новата варијанта на коронавирус, додека Франција, Германија и некои други земји дури и ги прекинаа транспортните врски со Велика Британија.
Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува денеска во 11 часот и 2 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.







