Излезе новата песна на Јон Ајди (Yon Idy) – „Got Me All Down”. Песна чиј автор е самиот Yon. Тој е и ко-продуцент на песната снимена во Студио Подрумот, заедно со Ангел Ќосев.
Оваа песна има силно блуз влијание, а продукцијата е доминантно акустична.
Претходните песни на Yon Idy – Hold Me Close, Gentle, Walking the Line of Love, Waste No Love и Back Around веќе станаа дел од плеј-листите на радио станиците низ Балканот, но и на значителен број радио станици низ Европа.
Јон е 25-годишен кантавтор од Скопје. Тој ја откри љубовта кон создавање музика набрзо откако почна да учи да свири гитара самиот, кога имаше 16 години. Оттогаш тој пробува и создава нови стилови за да ја достигне својата креативна ширина и својот постојан артистички развој. По создавањето на еден сет песни кои Јон ги сметаше за доволно добро спакувани за тој да се претстави пред публиката, тој почна со живи настапи. Неговиот последен настап беше на Таксират Фестивал 2020.
Ј. Ѓ.