ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мртви сериозни, повеќе мртви, отколку сериозни!

Романо Болковиќ убаво забележува дека агеластите го оштетиле човештвото со милиони жртви. Само затоа што за нив секој момент бил сериозен. Нас нема да нѐ оштетат со милиони жртви, затоа што Македонија нема толку жители, но ќе нѐ чинат многу повеќе отколку што вредиме.

September 20, 2019 18:27
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ние не сме мртви сериозни по природа.

Ние ја глумиме сериозноста затоа што сметаме дека така треба да биде.

Дека сериозноста е израз на пристојноста.

И на адаптацијата.

А на мала дистанца од тука, физичка или ментална, лесно добиваме поттик да се валкаме од смеа во работите во кои како Македонци умираме во сериозност.

Во македонските работи, нормално.

Во вмро, во името, во Законот за јавното обвинителство, во химната, во знамето, во Гоце, во преамбулата.

И погледот кон минатото ни сугерира дека најдоследни на себе ќе бидеме ако маката за општите работи ја покажуваме како природна состојба на духот.

Како нешто што нè македонизира и ни ги дава лигаментите на идентитетот и интегритетот.

Но, на крајот, секогаш се покажува дека таа сериозност е произведена како дел од претставата, дека не е дел од животот и затоа резултира со трагедии кои се толку поголеми колку што е нашата сериозност поизразена.

Јас мислам дека лагата е виновна за сѐ.

Лагата за сѐ е виновна за сѐ.

Лагата ја конструира позата како брана пред спонтаноста на животот.

Катастрофата пред радоста.

Што сме ние без лагата за нас.

Што ја маскираме во строгост и сериозност.

Македонија е сериозно смешна земја.

Спас од овие депресивни мисли, побарав кај мојот најдобар пријател. Еве што вели великиот Гомбривич:

„Во моментите кога разорувачките околности нѐ присилуваат на целосна внатрешна промена, смеата станува наша поткрепа. Таа нѐ извлекува од нас и на нашето човештво му помага да истрае, без оглед на болните промени на нашиот надворешен слој.

Никогаш на ниту еден народ не му била попотребна смеата отколку на нас денеска. И никогаш ниту еден народ не ја разбирал смеата помалку – нејзината ослободувачка улога.

Но, нашата денешна смеа не може да биде стихијна, односно автоматска смеа – тоа мора да биде смеа со предумисла, хумор применет студено и со сериозност која мора да биде најозбилна примена на смеата врз нашата трагедија. И таа смеа, диктирана со страшна нужда, би морала да го опфати не само светот на непријателите, туку пред сѐ нас самите и она што ни е најмило.“

Да, Витолдо, му реков на големиот уметник, се трудам, се ставам себе си и своите најмили на олтарот на националната смеа, но морам да ти кажам дека општиот дискурс ни го бојат агеластите. Говњарите неспособни за смеа. Кундера прв ми падна на ум кога се сетив на овој израз. Романо Болковиќ убаво забележува дека агеластите го оштетиле човештвото со милиони жртви. Само затоа што за нив секој момент бил сериозен. Нас нема да нѐ оштетат со милиони жртви, затоа што Македонија нема толку жители, но ќе нѐ чинат многу повеќе отколку што вредиме.

Што да ти кажам!?

Поголема веројатност има, драг мој Витолдо, да сретнете ќелав човек со крената коса на главата, отколку да ги видите Мицковски и Милошоски насмеани.

Првиот е како парче скршена опашка на некој софиски лав, неверојатно студенило, нула емисија на позитивни емоции, велат дека во четата на Гоце бил во диверзантските тројки зашто инструментите на Османлиите не можеле да го регистрираат ниту на три сантиметри од наргилето на пашата. Но, денеска, типот ги вознемирува луѓето како што новогодишните петарди ги вознемируваат кучињата. Таков му е лајот. Олајавачката конструкција за Македонија му е во тотална дискрепанца со питомоста на крајот и со констелациите на општото добро. Тој е уфилман во злото, бидејќи доаѓа од тој контекст и го произведува затоа што за тоа е чипиран. Запнал да ја урне стварноста со помош на лагите за неа. Како што неговата партија се обиде да ја урне Македонија со лагите за нејзината конституција, живот и ренесанса, како антимакедонски обрасци на националниот непријател. Тој не е пувеж во нашата мала собичка, тој е ментален прдеж проследен со ретки празнења што му течат од устата и тој се движи како есенција на смрдеата.

Кај овој вториот, познат како Флик, впечатокот го засилува процесот на единствената и неповторлива самомумификацијата, кој му овозможува да зборува и десет-дваесет години по смртта. Денеска, на пример, само со обдукција може да се утврди дали Антонијо е жив или е мртовец кој зборува со последните атоми на животот. Добро, нешто може да ни каже и неговата глава: ако на место на бесмислените влакна на скалпот што заборавиле да му го симнат Индијанците на разумниот македонизам, што и вака и така му се сушат и паѓаат како обезлиснети тутунови стебла на раниот мраз, одгледува марихуана за медицински цели, тоа ќе е знак дека е повеќе жив отколку мртов.

Освен преку фацијалната фиксираност, својата агеластија ја изразуваат и преку строгата ограниченост на изразот, во интонацијата, дикцијата и во содржината. Која е тоа препичителна и исфорсирана сериозност и строгост кога со пет – шест зборови и една тема што се повторуваат како  звукот на капките за измачување на затворениците, се претставуваат како маченици на општото добро. Па тоа не е пична жила да ти пукне, туку да ти пукнат сите жили, драг мој Витолдо, си имал среќа што не си се родил во Македонија во времето, не на чумата, тоа би била лепота од времена, туку во времето на вмро.

Конечно, секоја вибрација ја убива тесниот мисловен опсег, всушност, отсуството на секаква мисла, без трунка имагинација, само строга роботизирана интенција, без референци кон музиката, филмот, филозофијата, книжевноста, стрипот, без зрнце шарм, досетливост, дигресија, експресија, чиста чипирана телефонско-секретарска репродукција на дестилираната глупост.

Каква е таа политика во која тие се можни како фактори!?

И каква е оваа држава која во опозициската политика се движи во тотално спротивна насока од современите светски тенденции во кои се афирмираат смешни и забавни типови!?

Ти препорачувам да погледаш и некоја снимка со третиот получовек од оваа злосторничка банда. Наум се вика. Мислата, смешноста и сериозноста, му бегаат како што Олива бегаше од Дибек. Се сеќавате, не? Можеби мислата и шармот не се оливи на нашето време, но тој е инкарнација на Дибек, сигурно. И сега, драг мој Витолдо, тој Дибек, таа неопислива ограниченост, неталентираност, чипираност со најскромни мегабајти, здрвеност на столб за врзување на коњи, како највисок израз на политичкиот став на опозицијата, го повикува Заев да се огради од мене по повод феноменалниот статус за тоа дека кога му се родиле децата на Мицковски овој отишол на Телма и изјавил дека за сѐ е виновен Заев. Стоката тоа го разбрала како агресија врз децата на Мицковски, замислете, а не како напад врз мицковистичкиот терор врз јавниот простор со кој за широчината на озонската дупка, за климатските промени, за сите егзодуси и геноциди на сите народи, на македонскиот, посебно, за лошата реколта на аспарагусот во долината на реката Црна итн., го пумпаат со натчовечки моќи и го обвинуваат речениот Заев. Може ли да има пострашна агресија за едно дете од таков татко!?

Будали!

Можеби оваа мала студија на агеластијата како смртно опасна болест, ќе ни отвори некои вистини за нашиот психолошки, филозофски и културолошки профил. Кој, очигледно, не е сјаен. И ќе ни помогне да се ослободиме од смртната прегратка на злото кое има многу деноминации, но главната се вика, погодувате, вмро-дпмне, односно вмро како такво. И сериозноста и строгоста како пози. Послушајте го Гомбрович.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk