ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Со генерализации и спинови ВМРО-ДПМНЕ бербати сѐ што сработи СЈО

ВМРО-ДПМНЕ, која е најзасегната од работата на Специјалното обвинителство, со извртување на вистината дека СЈО му служело на Заев и само за рекетирање, а притоа наводно биле потрошени 12 милиони евра јавни пари, фрла кал врз сите предмети што ги отвори и ги тера(ше) СЈО за 4 години. Партијата ова го прави користејќи го случајот „Рекет“ и преку овој него се обидува да го сруши сето она што го сработи СЈО од неговото основање. Пораката која се обидуваат да ја испратат до јавноста е дека нивната партија и лицата засегнати од обвиненијата и истрагите се апсолутно чисти и се само жртви на политички прогон и на рекет.

September 21, 2019 07:43
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ТЕОФИЛ БЛАЖЕВСКИ
во ВИСТИНОМЕР

Главната опозициска партија издаде соопштение во кое по наша оценка има извртени вистини, т.е. спин:

Спин: СЈО 4 години испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните кои се потрошија за плати и хонорари за обвинителите рекетари и нивните роднини вработени како административен персонал.

СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Зоран Заев. Заев најавуваше хајка, а СЈО веднаш отпочнуваше монтирана истрага.

На обвинителите на СЈО им беа овозможени сите услови и комоција за работа, истите злоупотребија се и беа маша за рекетирање…

… Многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков. СЈО беше само маша во рацете на Зоран Заев за спроведување на хајки и криминал. Одговорност за целото незаконско работење ќе има.

[ИЗВОР: ВМРО-ДПМНЕ/веб страна – Соопштение – датум: 20.09.2019]

Контраспин: Партијата која е најзасегната од работата на Специјалното обвинителство со извртување на вистината дека СЈО му служело само на Заев и само за рекетирање, а притоа биле потрошени 12 милиони евра јавни пари, фрла кал врз сите предмети што ги отвори СЈО за 4 години. Пораката која се обидуваат да ја испратат до јавноста е дека нивната партија и лицата засегнати од обвиненијата и истрагите се апсолутно чисти и се само жртви на политички прогон и на рекет. Но, вистината е малку поинаква.

Во соопштението/став на ВМРО-ДПМНЕ се прави општа генерализација, се манипулира со медиумски написи кои кажувале колкави биле платите на доскорешната специјална обвинителка Катица Јанева и на другите обвинители (на пример, ден порано од нивна страна беше поименично споменат и Гаврил Бубевски и повеќе други), се потенцираат непотистички вработувања во СЈО и на крај се заклучува дека биле „многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков“.

ЕФЕКТИТЕ ДОПРВА ЌЕ ДОАЃААТ

Ефектот засега можеби не е многу видлив, освен ако не се земе предвид дека во случајот „Тенк“, правосилно осуденииот Никола Груевски, експретседател и сегашен почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ е во бегство за да не ја издржува казната, а имаме и една ослободителна пресуда во прв степен за Драган Павловиќ- Латас во случајот „Тревник“. Но, да не се заборави и фактот дека според извештаите на СЈО, особено последните три, во предметите што ги застапуваа обвинителите од ова обвинителство осудени се над 10 лица од кои апелација ја потврдила пресудата за петмина (заклучно со 15 март 2019).

Патем, свен овие погореспоменатите случаи/процеси водени по обвиненија на СЈО, во судовите има уште 20 -тина други, вклучувајќи ги и Талир 1 и Талир 2, случаи кои директно се однесуваат на перење пари од страна на поранешниот и дел од сегашниот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ и незаконска изградба на седиштето на партијата, т.н. Бела палата, поради што и имотот на партијата е сè уште замрзнат.

Така што, основниот спин, т.е. извртување на вистината од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се состои во фактот што ефектот, односно проценка на објективноста на обвиненијата ќе има кога ќе заврши севкупната судска постапка. Исто така, ефектот ќе се согледува и во поглед на истрагите – 10 –тина готови и уште десетици предистраги. Со префрлањето на ингеренциите на СЈО во Јавното обвинителство на државата, само ова обвинителство е надлежно да каже дали и кои предистраги и истраги ќе продолжат до ниво на обвиненија, додека тековните предмети веќе продолжија со работа со назначување на дел од поранешните обвинители на СЈО да продолжат да ги застапуваат обвиненијата пред судовите.

Севкупно земено, ефектот од четиригодишното работење на СЈО не е, ниту може да бид мал и занемерлив. А особено не може да станува збор за „никаков ефект“, како што оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кои за да го поткрепат овој спин, се служат со уште еден, а тоа зголемување на вкупно потрошените финасиски средства, што не им е прв пат.

НЕВОМОЖНО Е ДА ПОТРОШИЛЕ 12 МИЛИОНИ ВЕРА ЗАШТО НИКОГАШ НЕМАЛЕ ТОЛКУ!

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СЈО за 4 години потрошило 12 милиони евра, што не одговара на вистината. Во еден друг текст во април, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излегуваше со тврдења дека СЈО потрошило 15 милиони евра пари на граѓаните, „Вистиномер“ ја оцени изјавата како невистина, изнесувајќи аргументи дека заклучно со крајот на 2018 година СЈО потрошило дупло помалку за периодот 2015-2018 година, односно околу 8 милиони евра.

Сега повторно се врши преувеличување на трошоците. Имено за 2019 година СЈО имало за трошење одобрени пари од државниот буџет околу 228,6 милиони денари, односно околу 3,7 милиони евра. Според последниот објавен извештај за севкупното па и финансиското работење на СЈО, во периодот од почетокот на 2019 до 15-ти март 2019, потрошиле околу 37 милиони денари или 604 илјади евра. Останува непознато колку потрошиле од 15 март до 15 септември оваа година, зашто тој извештај сè уште не е објавен и не е доставен до Собранието. Но, дури и да претпоставиме дека ја дотрошиле сумата за цела 2019 година, што досега никогаш не се случило во работењето на ова обвинителсство, повторно станува збор за помалку од 12 милиони евра. Исто така, факт е дека во овие четири години од постоењето на СЈО никој никогаш не го довел во прашање, ниту го проблематизирал начинот на трошењето на средствата што му се доделени на ова обвинителство.

Имајќи ги предвид погоре посочените аргументи, оценуваме дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ изнесени во соопштенито се тврдења во кои се извртува вистината, т.е. се спин.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk