ЦИВИЛ организира конференција за изборни реформи: Перспективи на македонските избори, што ќе се одржи на 25 септември, утре, во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), со почеток од 12 часот. Настанот е дел од проектот „Слободни граѓанки и граѓани за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Како што најавија од организацијата коференцијата е посветена на изборниот систем во целост, со фокус на Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите.
Поканети се лидерите на политичките партии, без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна, релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница.
„Имаме причини да веруваме дека ова ќе биде навистина голем настан, на кој ќе се обидеме да дадеме долгорочни позитивни ефекти што ќе се потрудиме сите заедно да ги постигнеме во оваа област.“ – велат организаторите од ЦИВИЛ.