ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Волкот, Катица и Тринаесетото прасе во земјата на Дудинките

пишува: РИБАРО По шокантната вест која ја шират „веродостојните алуминиумски“ портали, во која велат дека Катица Јанева никогаш не била во притвор во Шутка , туку дека е во хотел во Резерватот Јасен, екипата на „АХА“ мораше да го прифати предизвикот и излезе на терен да ја провери оваа алуминиумска теорија на заговор.

September 25, 2019 11:06
in АХА!
"Hope" -- Episode #101 --Pictured (l-r): Dorian Missick as Sam; Paul Wesley as Eddie; Michael Raymond-James as Micth of the CBS All Access series TELL ME A STORY. Photo Cr: Patrick Harbron/CBS © 2018 CBS Interactive. All Rights Reserved.

"Hope" -- Episode #101 --Pictured (l-r): Dorian Missick as Sam; Paul Wesley as Eddie; Michael Raymond-James as Micth of the CBS All Access series TELL ME A STORY. Photo Cr: Patrick Harbron/CBS © 2018 CBS Interactive. All Rights Reserved.

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

По шокантната вест која ја шират „веродостојните алуминиумски“ портали, во која велат дека Катица Јанева никогаш не била во притвор во Шутка , туку дека е во хотел во Резерватот Јасен, екипата на „АХА“ мораше да го прифати предизвикот и излезе на терен да ја провери оваа алуминиумска теорија на заговор.

Дестинација – Резерват Јасен.

Уште на влезот во резерватот Јасен, бевме (не)пристојно пречекани од Волкот. Одма го препознавме, тој е оној волк од приказната со Црвенкапа.  Ни ја впери пушката и побара легитимација. Му ја приложивме дозволата за посета потпишана и од бабичката и од Црвенкапа своерачно. Отпрво се изненади, но без поговор ни дозволи да влеземе во Резерватот. Кога му кажавме дека имаме дојава за присуството на Јанева во Резерватот, силно се изнасмеа, за потоа со висок тон нè праша: од каде ни е таа информација.

Без двоумење му кажавме дека ни е од Неделко – чуварот на Седумте јариња. Ситуацијата стана напната. Волкот знаеше дека чуварот на Седумте јариња, è, поточно, беше силна политичка и медиумска фигура, па некако лесно и без многу двоумење, реши да соработува со нашата екипа.

Нè одведе до хотелот. Сопственици на Хотелот, беа Ивица и Марица, па ич не беше чудно што хотелот имаше чоколаден покрив и прозорци од мармалад. Беше тоа хотел на три спрата со пет ѕвездички. Волкот лош, ни покажа да погледнеме на третиот спрат од северната страна. Снимателот на „АХА“ веднаш ја насочи камерата кон прозорецот, но тогаш Волкот рече – без разлика на сè, ве молам тргнете ја камерата, снимањето на хотелот е строго забрането.

Како и да е, на прозорецот на третиот спрат, јасно се отсликуваше препознатливата фигура на Катица Јанева. Околу неа се гледаа уште четири силуети, многу слични на нејзината. На сите ни беше јасно, тоа беа Четирите прасиња, што исто како и Катица, требаше да се во притвор во Шутка. На прашањето, што прави Катица по цел ден, дали оди на лов, или се занимава со други активности, Волкот ни раскажа многу интересна и кратка приказна:

– Ноќта кога Катица била спроведена во Резерватот, била во придружба на Мачорот во чизми – десната рака на Неделко – чуварот на Седумте јариња. Колку и да му била чудна таа придружба, на Волкот, нему одма му светнало дека всушност Неделко е сенката што бдее над сигурноста на Јанева.

Коцките почнале сами да се сложуваат. Претходната ноќ, од собата каде што сега престојувала Катица, била преместена Пепелашка. Планот бил Пепелашка да лежи во притвор во Шутка и да се камуфлира како Катица Јанева. Тајната дека Пепелашка е всушност Тринаесетото прасе, а не убава девојка која го чека Принцот да и го обуе чевличето, е строго чувана, сè до моментот кога морало да му се каже на Волкот, зашто нели, тој е единствениот чувар во Резерватот.

Да, имало и Принц, кој доаѓал на неколку пати да ја посети Пепелашка, но во торбите од Луи Витон што тој ги носел со себе никогаш немало доволно колачиња и за Пепелашка и за Волкот, за овој да му дозволи посета.

Катица пак, своето време го поминувала во пишување на писма, или документи, кои претпоставувате, требало Мачорот да ги сокрие во чизмите и да му ги предаде на Неделко. Волкот се разбира исплашен од моќта на Неделко, се правел на удрен дека не знае што Мачорот пренесува во своите чизми и секогаш го пуштал без да му изврши претрес.

Волкот претпоставува дека писмата на Катица до Неделко биле чисто љубовни пораки, а ние сме на мислење дека всушност биле документирани записи за секс афера која наводно ја имала Свирка (вечната љубов на Неделко) со неколку пијани морнари, а Катица тоа го дознала од прислушуваните разговори.

Зошто Неделко – чуварот на Седумте јариња, се премислил и од првично заштитник, потоа решил да ја предаде Катица, дека наместо во Шутка е во Резерватот во Јасен, а воедно тогаш и да ризикува да се обелоденат документите кои ја компромитираат „ девојачката чистота“ на Свирка, навистина не можеме да знаеме.

Она што со сигурност го знаеме и бевме сведоци, е тоа дека Волкот, со невиден апетит им се има намерчено на Четирите прасиња кои секогаш се во присуство на Катица и би ја искористил секоја прилика да ги раздели од Катица, за потоа полесно да се дочепа до нив, па било поради тоа и да го избркаат од работа, зашто дозволил да се разоткрие вистината дека Катица навистина е во Резерватот. Во друга прилика, Волкот сигурно би се задоволил и со Седумте јариња,  но Зајакот толку им имал земено на тежина, што сега и јарињата, а поготово Неделко, биле ужинка за Волкот во споредба со Четирите прасиња.

Како Зајакот успеал да ги осуети и да им земе на тежина на Неделко и цела политичко-медиумска стриповска болумента е место за друга приказна.

Но, се наметнуваат неколку прашања:

Дали Катица е главниот негативец во приказнава, или е само жртва на сопствениот љубовен занес?

Можно ли е негативецот да е токму Волкот кој со некоја чудна леснотија прифати да соработува, за потоа на неколку места да има провев во приказната што ни ја раскажуваше (пр. немало доволно колачиња во торбата на принцот за да му дозволи да ја посети Пепелашка) ?

Ќе ја јаде ли Волкот Катица, или таа е преголем залак за него, па ќе се задоволи со Четирите прасиња?

Ќе се појави ли Ловџијата?

Да се надеваме, дека наскоро ќе дознаеме.

Она што сега сите го знаеме со сигурност, е тоа дека Пепелашка – Тринаесетото прасе, ќе го крка во Шутка и за себе и за сите принцови што ги чекала да ја ослободат.

Неделко, пак, и покрај тоа што е тешка и опасна будала, попрашен со среќна доза на алуминиум и опкружен со Седумте јариња и со уште потешки будали од себе, кои и покрај сите пирамиди, рамни земји и што ли уште не, сè уште му веруваат на неговите алуминиумски заговори, е вистински заљубен човек во својата Свирка.

Но, тоа нека остане меѓу нас.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk