ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев во Њујорк, на третиот Глобален бизнис форум „Блумберг“

Загрозената животна средина и економските кризи како најголемите закани и предизвици за глобалниот просперитет се централните теми на годинешниот, трет Глобален бизнис форум „Блумберг“, што се одржа за време на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, и кој ги собра шефовите на држави и влади со извршните директори и претседатели на управни одбори на најголемите глобални компании за да разговараат за изнаоѓање заеднички акции за овие прашања.

September 25, 2019 16:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Загрозената животна средина и економските кризи како најголемите закани и предизвици за глобалниот просперитет се централните теми на годинешниот, трет Глобален бизнис форум „Блумберг“, што се одржа за време на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, и кој ги собра шефовите на држави и влади со извршните директори и претседатели на управни одбори на најголемите глобални компании за да разговараат за изнаоѓање заеднички акции за овие прашања.

Премиерот Заев и дел од делегацијата на Владата, министерот за здравство д-р Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, учествуваа во работата на форумот на кој беа споделени искуствата и иницијативите кои имаат потенцијал да бидат одговор на климатските промени, со честите суши, недостатокот на вода што предизвикуваат сериозни последици во економијата, особено во земјоделството и дестабилизираат повеќе општества низ целиот свет.

Овие, и дополнително бегалските и миграциските кризи, се закана за повеќе од 50 проценти од населението во светот и затоа се налага потребата од итни одговори за кои од исклучителна важност е сојузот меѓу лидерите од јавниот и приватниот сектор.

На Глобалниот бизнис форум „Блумберг“ во Њујорк беа презентирани повеќе примери за напредок што се постигнуваат преку партнерства и инвестиции меѓу јавниот и приватниот сектор на овој план, и форумот беше средина за средби и размена на идеи за иницијативи во кои активно учество зедоа премиерот Заев и министрите Филипче и Нуредини.

Во текот на денешниот ден, премиерот Заев ќе има свое обраќање на Дијалогот на лидерите, во рамките на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој, како дел од програмата на 74-то Генерално собрание на ОН.

Денешната програма на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија завршува со обраќањето на дебатата „Иднината на евро-атлантските интеграции на Западен Балкан: Каде оди Западен Балкан“ во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави во Њујорк.

извор: МИА

Next Post

Дескоска: Измени во Изборниот законик само со консензус од политичките партии

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk