ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шекеринска: Брисел се фокусира на резултатите, а не на законот за СЈО

Министерката за одбрана вели дека НАТО веќе нè доживува како „де факто“ членка

September 27, 2019 21:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, за МИА вели дека се прави сѐ за да биде донесен законот за јавното обвинителство, но дека она што е најважно и за власта и за Европската комисија не е самото носење на законот, туку обезбедување услови за функционална правна држава.

„Самата Европска комисија инсистираше на многу мудар „речник“. Тие никогаш не се фокусираа на законот, туку се фокусираа на резултатите. А резултатите значеа дека мора да завршат не само истрагите и судските предмети, туку мора да се обезбеди да има одговорност за сите кривични дела коишто биле направени. И затоа фокусот беше делата, предметите, судските постапки, а не само проформа законот. Европската комисија долго време ни ја праќа пораката немојте да мислите дека нам ни е целта само нов закон“, изјави министерката за одбрана која се наоѓа во Брисел каде учествува на Форумот за поврзаност на Европската комисија.

Шекеринска уверува дека преговорите за законот со опозицијата ќе продолжи и таа изрази надеж дека опозициската партија ќе престане да биде „заложник на криминалот и корупцијата од минатото“. Таа оцени дека ВМРО ДПМНЕ прави сѐ за да нема кривична одговорност, додека за власта фокусот е да се обезбеди правда, а не само закон на хартија.

„Законот со којшто ќе се овозможи продолжување на СЈО во поинаква форма нù е важен и ние правиме навистина сѐ, дури и направивме некои сериозни отстапки само да имаме закон којшто ќе обезбеди подобро функционално обвинителство и којшто ќе покаже дека во нашата држава има сериозен политички консензус за да се промени политиката на неказнивост од минатото“, вели министерката.

Меѓутоа, додаде Шекеринска, “бидејќи опозицијата го правеше тоа што го правеше, инсистираше на закон кој де факто ќе ги блокира сите поранешни предмети на СЈО, ние сметавме дека лош компромис, т.е. компромис којшто нема да значи одговорност не треба да направиме и затоа фокусот ни беше да ги обезбедиме предметите на СЈО и успеавме во тоа“.

Министерката е оптимист дека Советот за општи работи на Европската Унија на 15-ти октомври ќе донесе зелено светло за почетокот на преговорите за Северна Македонија. Запрашана дали власта има план Б во случај повторно овој датум да биде одложен, таа истакна дека резервни сценарија нема, дека реформите се прават за граѓаните, но и дека поради тоа се направени отстапки кон Европската комисија.

„Сметам дека клучната порака е дека овие реформи ги правевме за нас, не за ЕУ. Да, точно е дека некои работи ги прескокнавме или ги одложивме заради ставовите на Европската комисија, меѓутоа сѐ она што државата инвестираше во подобри односи со своите соседи, пофункционална демократија, поотворен парламент, отворена и транспарентна влада, тоа се работи кои пред сѐ им ги должиме на граѓаните, не беа тоа жртви за ЕУ“, порача министерката.

Околу можноста полноправното членство на НАТО да не се оствари на самитот на Алијансата на почетокот на декември како што се надеваше државниот врв, таа потсетува дека прашањето е процедурално, пред сѐ поради предвремените избори во Шпанија.

„Вчера заврши процедурата којашто требаше да се случи во британскиот Парламент и покрај проблемите. Рековме дека е прашање на недели и на месеци. Дали шпанските избори ќе завршат, кога ќе почне нивниот парламент да работи, тоа ќе влијае на ратификацијата меѓутоа на самитот во декември ние ќе бидеме на масата на сојузниците. Очекуваме и работиме целосно да заврши без каков било проблем, сите во НАТО не доживуваат како де факто членка“, изјави Радмила Шекеринска.

Освен Шпанија, се очекува уште ратификацијата на Холандија, Италија и Франција.

Извор: МИА

Next Post

Лекарска комора: Наjостри санкции против насилниците во здравствените установи

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk