ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Избори во Авганистан: Напади во Кундуз, има жртви

Бунтовниците испукале проектили од минофрлач во градот Кундуз во обид да спречат гласање

September 28, 2019 12:01
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во северен Авганистан, каде денеска се одржуваат претседателски избори, бунтовниците испукале проектили од минофрлач во градот Кундуз во обид да спречат гласање, соопштија официјални претставници.

Гулам Рабани Рабани, член на советот на провинцијата Кундуз, рече дека талибанците нападнале припадници на авганистанските безбедносни сили на две локации надвор од градот.

Рабани рече дека има жртви, но не може да прецизира колку, бидејќи телекомуникациските мрежи повремено се прекинуваат.

– Целта на нападот е да ги заплашат луѓето и да ги принудат да останат дома, да не излезат на гласање, рече Рабани.

Тој додаде дека излезноста во Кундуз најверојатно ќе биде ниска со оглед на заканите со насилство.

Претходно беше јавено дека најмалку 15 лица се повредени во бомбашки напад на џамија во Кандахар, град во јужен Авганистан.

Како што пренесуваат светските агенции, на тоа место се наоѓа избирачко место.

Лекар од болницата во Кандахар изјави дека меѓу повредените има еден полицаец, неколку изборни функционери и Авганистанци кои дошле да гласаат.

Според него, тројца повредени се во критична состојба.

Експлозијата се случила само еден час откако гласачите почнале да се собираат на изборачките места.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Претседателските избори во Авганистан се одржуваат во атмосфера на несигурност и страв од напади на талибанците, кои се заканија дека насилно ќе ги одвратат граѓаните да излезат на гласање.

Право на глас имаат околу 9,6 милиони Авганистанци, избирајќи од 18 кандидати, од кои само шест се сметаат за сериозни.

Фаворити се актуелниот претседател Ашраф Гани и претседателот на Извршниот совет Абдула Абдула, кој изјави дека се плаши од изборни манипулации.

Двајцата се на власт веќе пет години во влада на национално единство, формирана по изборите во 2014 година, која беше обвинета за измама и корупција.

Сепак, најголемиот предизвик на денот на изборите ќе биде безбедноста, а по заканата на талибанците, соседен Пакистан ги затвори граничните премини со Авганистан.

Според најавите, ќе бидат ангажирани 100.000 припадници на безбедносните сили. Сепак, во областите каде што не може да се гарантира безбедноста поради заканите на талибанците, стотици избирачки места ќе останат затворени.

Заканувајќи се со напади, радикалните талибанци ги повикаа граѓаните да останат во своите домови за да не „бидат повредени“.

Министерот за внатрешни работи, Масуд Андараби, во интервју за АП, рече дека планот за безбедносните мерки за време на изборите се планира повеќе од осум месеци.

Пред секое од речиси 30.000 избирачки места во земјата, ќе бидат воспоставени три различни кордони на безбедносните сили.

Прелиминарните резултати не се очекуваат пред 17 октомври, а конечните резултати не пред 7 ноември. Ако ниту еден кандидат не освои 51 процент од гласовите, вториот круг ќе се одржи за две недели.

Извор: МИА

Next Post

Загина работник на ЕВН

Discussion about this post

EVN

НАЈНОВО

Илустрација Фронтлајн

Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

April 18, 2026

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk