Со барања да се врати достоинството на полицијата членството на Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска излезе на мирен протест.
Во знак на револт поради ниските плати, вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, кои се членови на Независниот синдикат на полицијата, со стотина возила денеска блокираа дел од улиците во Скопје.
Протестот почна од крстосницата кај МРТВ, продолжи кон зградата на ССМ и пред Собранието. На пат кон зградата на МВР, тие застанаа и пред Министерството за правда.
Едно од главните барања на НСП е донесување на колективни договори и покачување на плата за 25 отсто на секој вработен во полицијата.
Извор: МИА