ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бизнисмените бараат „даночен календар“ и сузбивање на сивата економија

Бранко Азески: Имаме пет барања коишто се однесуваат на клучни прашања што биле третирани во изминатиот период

October 8, 2019 13:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бизнисмени од Стопанската комора на Македонија, денеска на средба со министерката за финансии Нина Ангеловска, побараа воведување „даночен каландар“, кој за бизнисот ќе обезбеди попредвилива деловна клима, како и намалување на сивата економија, отстранување на недоследностите од законите за извршување и за холдинг друштва.

– Имаме пет барања коишто се однесуваат на клучни прашања што биле третирани во изминатиот период: Законот за холдинг друштва; за член 218 од Законот за извршување; за признаените расходи; имаме иницијатива којашто се однесува на плаќање на ДДВ и негово враќање при влез на суровините. Ќе разговараме за овие прашања коишто биле континуирано третирани во изминатиот период како и што може да се направи, затоа што тоа ќе донесе бенефит за целата економија, ќе дојдат нови инвеститор,и а и домашните ќе се охрабрат да инвестираат, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

За бизност голем проблем е член 218 од Законот за извршување, којшто, истакна Азески, фаворизира државата односно  локалните самоуправио да го утврдат минимумот над кој не можат да бидат извршени побарувања на фирмите. Неприфатливо е и одложувањето за три години на Законот за холдинг,   а со министерката го отвораат и прашањето за воведување фискален совет што треба да одржи баланс во јавните финансии.

Според Ангеловска, има добра волја за прифаќање на даночниот календар, иницијатива којашто ќе значи предвидлива околина и стабилност за бизнисот и со што ќе може однапред да ги планира своите активности без да се прават нагли промени коишто ќе влијаат на пример во нивното планирање  за следната година. – Тоа значи барем  шест месеци однапред да му дадеме време на бизнис секторот да се подготви за промените за да може да ги испланира за следниот период, рече Ангеловска.

Таа најави дека Министерството за финансии следната недела ќе воведе он лајн можност за поднесување предлог иницијативи од стопанските комори и целиот приватниот сектор во насока на намалување на административните процедури и забрзување на процесите.

– Иницијатива само како желба не е доволна за да можеме детално да ја разгледаме и да делуваме. Зборуваме за пропишан формулар за тоа кој ја поднел иницијативата, на кои сектори ќе делува, која е компаративната анализа о како се адресира во други земји, што ќе значи за бизнисот и од  фискален аспект. Сите работи ќе бидат преточени во он лајн форма затоа што сметам дека имаме огромен неискористен потенцијал во технологиите за да ги намалиме административните процедури и да функционираме побрзо, изјави Ангеловска.

Во приотетите на Министерството за финансии, како што потенцираше, ќе биде и намалување на сивата економија со конкретни мерки и предлози. Мал дел од нив, укажа, беше апликацијата „Мој ДДВ“ и веќе се работи на негово унапредување заедно со Управата за јавни приходи.

– Кога зборуваме  за сива економија треба да знаеме дека и граѓаните и бизнисот треба да  почувствуваат дека функционираат во праведен систем каде што гледаат дека сите си ги плаќаат давачките. Не може да очекуваме  кога ќе се зголемат даноци или ќе се воведе што било граѓаните да го дочекаат тоа со раширени раце ако  гледаат  дека некој друг не ги плаќа давачките.  Фокусот тука ќе биде да се внесат во системот оние коишто се во сивата економија, често  се разговара дека е од 20 до 40 проценти, изјави Ангеловска, посочувајќи дека сивата економија не е само на на пазарот на труд туку и во електронска трговија, нерегистрираната дејност.

извор: МИА

Next Post

Масовни протести во Аеродром, по вработувањето на 200 пилоти од Арачиново?

Најново

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

Поранешна куќна помошничка поднесе тужба против Кајли Џенер за малтретирање и дискриминација

April 22, 2026

(ВИДЕО) Скандал во српското Собрание: Брнабиќ кон опозициски пратеник – „и ти си геј како и јас“

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk