ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Денот на ослободувањето на Крива Паланка

На свечената седница беше донесена  Одлука за доделување  на наградите:  „8-ми Октомври“, награда за Почесен граѓанин  на Крива Паланка и Признание  за особени постигнувања  и придонес  за развојот  и афирмацијата  на Општина Крива Паланка“  за  2019 година.

October 8, 2019 15:47
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес во големата сала на општината се оддржа свечена седница на Советот на Општина Крива Паланка по повод 8-ми Октомври –Денот на ослободување на Општина Крива Паланка.

На свечената седница беше донесена  Одлука за доделување  на наградите:  „8-ми Октомври“, награда за Почесен граѓанин  на Крива Паланка и Признание  за особени постигнувања  и придонес  за развојот  и афирмацијата  на Општина Крива Паланка“  за  2019 година.

Од страна на Советот во Општина Крива Паланка беше усвоена Одлуката, наградата „8-ми Октомври“ за 2019 година да биде врачена на Прим.Др.Сретимир Николовски од Крива Паланка за неговото повеќедецениско работење во областа на медицината, кое има значење за развојот на општина Крива Паланка.

Наградата за „Почесен граѓанин  на Крива Паланка“ за 2019 година ќе биде врачена на г.Кристиан Тимоние – амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија, во знак на благодарност на граѓаните на општина Крива Паланка за повеќегодишната соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Амбасадата на Република Франција и неговато лично залагање и посветеност во продлабочувањето на оваа соработка.

За наградата „Признание  за особени постигнувања  и придонес  за развојот  и афирмацијата  на општина Крива Паланка“  за  2019 година, Советот донесе Одлука да се додели на младиот кошаркар Андреј Јакимовски од Крива Паланка за неговите особени заслуги во промоција, афирмација и достојно претставување на Општината и Дражавата надвор од границите на РС Македонија и ширум Европа, во областа на спортот.

На денешната свечена седница,  Советот на Општина Крива Паланка донесе и Одлука за доделување Благодарница во чест на празникот на Општината, 8-ми Октомври, на Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“, за нивните достигнувања во областа на спортот на домашна и меѓународната сцена.

Како дополнителна Одлука на денешната свечена седница беше донесена и Одлуката за доделување на парични средства за лекување на нашата млада сограќанка Сандра Ангеловска.

Годинава наградите по повод 8-ми Октомври –Денот на ослободување на Крива Паланка, ќе бидат врачени на Свечената академија, која ќе оддржи утре со почеток од 12.00 часот во Центарот за култура во Крива Паланка.

Во оваа свечена прилика градоначалникот  Борјанчо Мицевски имаше свое поздравно обраќање, каде пред бројните присутни нагласи:

„Она што е од посебно значење за нас, денес кога ја одбележуваме 75 годишнината од нашата поблиска историја, е и фактот што токму оваа 2019 г. Република Северна Македонија е на прагот за влез во НАТО и добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Ова не само што треба да значи подобрување на социоекономската состојба на граѓаните, туку и стабилизирање на Балаканот и регионот во поширока смисла на зборот. И искрено се надевам дека, патот по кој чекориме кон ЕУ и НАТО, широко ќе ни ги отвори перспективите за подобар и поубав, а пред се модерен град, кој ќе нуди отворени можности за сите“.

Обраќање на градоначалникот  Борјанчо Мицевски по повод Денот на ослободувањето на Крива Паланка

Свеченостите по повод 8-ми Октомври, продолжуваат во текот на утрешниот ден со низа општински свечени настани, на кои ќе присуствуваат голем број гости од соседните и од збратимените градови од соседството и од Европа, како и бројни видни гости од регионот и претставници на Владата на РС Македонија.

извор: krivapalanka.gov.mk

Next Post

Јанева нема да дава исказ за „Рекет“ во оваа фаза

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk