ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Овој Статут, не е Статут?

Чукам на врата, ми отвора Статутот не расонет и во пижами.  Добар ден, добро утро, кој-си шо-си се претставуваме, па го прашувам: - Статут брат, дали кај тебе пишува некаде дека имате позиција Почесен претседател

October 10, 2019 15:34
in АХА!
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

Пред два дена стигаат во редакцијата на АХА, така една дузина добро напарфемисани плика. Отворам и внатре ловорики и почести за редакцијата:

  1. Друштвото за печење пиперки без шишки, од с. Кривокурчево, на свеченоста организирана по тој повод, ве поканува да присуствувате и да ја подигнете титулата Почесен претседател на друштвото
  2. Од Унијата на диви кенгури со проблеми при породувањето, со седиште во Канбера, ни испратиле честитки по повод почесното претцедникување.
  3. Здружението на јазовци ветерани со дислексија, од Будимпешта нè повикува да ја подигнеме почесната титула за нивни почесен претцедник.

По кој основ овие нè прогласуваат за почесни претседатели, имаат ли тие Статут, што пишува во него, не прашале ли нас дали се согласуваме…Читам така, не се дочитува. Најчудно од сè беше што сите освен тие од Будимпешта, настанот го закажале во ист ден.

Како и да е, ќе се собериме со екипата и ќе одлучиме дали и на кој настан ќе одиме.

Читам понатаму, Аха, стигнало и писмо од ДПМНЕ каде не повикуваат вечерва, да присуствување на свеченото бришење од Статутот на партијата, на почесната фунција Почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Кој контраст од писмо, човече! Одлуката падна – ваму одиме, ќе има мезалаци, сеири.

Се мислам, што сега им текна да организираат ваква глупа свеченост, за уште по глуп повод, ко небаре ако избришат некое место ќе се случи којзнае што. А бе, клошарана лоповска туку измислува нешто, наместо да повика да се осудат мафијозите од нивната партија, наместо да го прогласи за кукавица осудениот почесен им претседател, тие ќе менувале статут и ќе укинувале некоја позиција.

Па ми светна – Аха, главна вест овие денови е дека Мицко ќе го ништел Грујо од свеченото Почесно претседателско место во ДПМНЕ! Додуша не е за потценување, на таа објава, испопаѓа во несвес цела медиумска „независна“ болумента. Па се маваат тие со мускули дека со бришењето на тоа почесно место, всушност ќе се ребредерирала ДПМНЕ. Пази бога-ти, така ќе одела по патот на модерните европски конзервативни партии… Па, еден грев вели – со таа елегантна реформска одлука Мицко се оградувал од ликот и делото на Грујо и друго не било потребно. А, бе каква елеганција, смешко еден, иди $%&@#!

Туку, како точно рече Мицко, кај Младен за бришалото на почесен прецедник – ќе го бришел од Статут тоа место?

– „Тоа е статут кој што е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на сестринските партии“, рече Мицко, наочи цела македонска јавност.

Аха?! Палиме патиките со екипата и правец кај Статутот на ДПМНЕ дома, Чукам на врата, ми отвора Статутот не расонет и во пижами.  Добар ден, добро утро, кој-си шо-си се претставуваме, па го прашувам:

– Статут брат, дали кај тебе пишува некаде дека имате позиција Почесен претседател на партија. Се  дума, се дума, па вели – нема никаде такво нешто, ама…. го прекинувам со следното прашање:

– Па кога нема такво место пишано кај тебе, како мисли Мицко да го избриши тоа што го нема? Се подума уште малку, па ми вели: Ај бе крши глава си се зафатил со мене од сабајле, копиљ еден комуњарски!

Гас-преку глава, се повлековме во влезот од зградата. Решивме да го чекаме. За некој момент се слушна галама. Статутот трча по скали со точакот во раце, излегува од зградата и бичи накај Белата палата. Ние по него со сите салтанати: камери, микрофони и чуда. Се бркаме низ Скопјево, стаса Статутот пред нас до палатата и вика уште не влезен по Мицко:

– А бе, шефе, како ќе бришеш и менуваш нешто што го немам?! Овие од АХА…

Само што стасавме да влезиме и ние, БАПАО, ни лупнаа врата пред нос овие од обезбеџењето на Палатата, па ни пуштија музиче, некои техно мислам беше.

Седиме во канцеларија и заклучуваме, како Мицко пак се обидува боси низ трње да не прошета, ама никако да му успее на кутриот. Штетат е што дури се занимававме со неговите дебилни конструкции, можевме фино лепо да си се  спремиме – пасошот, парфемчето, цвикерите и правец кај Јазовците со дислексија на прослава и подигање на почесната титула.

Од каде знаеш што може да сретнеш во Пешта, голем град е тоа, а јазовциве се ветерани, сигурно добро го познаваат градот.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK 

Next Post
Бојко Борисов

ЦИВИЛ: Неприфатлив однос на Бугарија кон Северна Македонија

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk