ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Денот на народното востание се одбележува со свечености во Прилеп, Куманово и Скопје

October 11, 2019 10:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се празнува 11 Октомври – Ден на народното востание. Празникот се одбележуваа насекаде низ земјата, со свечена програма во Куманово, Прилеп и во Скопје. Претставници на Владата, Собранието, политичките партии, борците од НОБ, дипломатскиот кор, граѓански организации се дел од свечените прослави по повод овој голем празник.

Во Куманово, прославата започна со положување цвеќе на Спомен-костурницата по што воениот оркестар ја интонира државната химна. Владината делегација во Куманово ја предводи премиерот Зоран Заев.

Празнувањето во Прилеп ќе се одржат пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и на Кузман Јосифоски-Питу, како и на Могилата на непобедените. Владината делегација во Прилеп ќе ја предводи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан.

Празничните активности и во Скопје ќе почнат со положување цвеќе, на Партизанските гробишта во Бутел, од владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а ќе присуствуват и министрите за финансии Нина Ангеловска, за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски и за економија Крешник Бектеши.

Премиерот Заев и членови на Владата ќе присуствуваат и на свеченоста во Парламентот, каде што напладне ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Наградата за животно дело во областа на науката ќе му се врачи на академик Љупчо Коцарев, додека во областа на културата и уметноста на актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски.

Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Денот на народното востание, 11 Октомври,  е неработен ден за сите граѓани на државава.

 

Next Post

Зоран Заев со честитка за 11 Октомври: Стоиме исправено со почит кон борците и борките од НОВ

Shortcut

Најново

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk