ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Груевски, лице без адреса, пронајден во Избирачкиот список на Будимпешта, ќе гласа на унгарските локални избори в недела

„Гласач со име Никола Груевски е на Избирачкиот список. Името на гласачот, како и возраста, 49 години, се совпаѓаат со оние на поранешниот македонски премиер кој побегна од затворска казна во Унгарија, каде што му беше одобрен азил“ - се вели во текстот на 24.hu објавен пред неколку часа. Според изворите на порталот, овој нов гласач во Избирачкиот список има легитимација од Петтиот дистрикт, но без адреса.

October 11, 2019 21:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Share on FacebookShare on Twitter

Независниот веб портал 24.hu јавува дека Никола Груевски се стекнал со право да гласа на локалните избори во Унгарија в недела. Тој се наоѓа на Избирачкиот список во петтиот дистрикт на главниот град на државата во која доби азил благодарение на неговиот пријател, премиерот Виктор Орбан, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

„Гласач со име Никола Груевски е на Избирачкиот список. Името на гласачот, како и возраста, 49 години, се совпаѓаат со оние на поранешниот македонски премиер кој побегна од затворска казна во Унгарија, каде што му беше одобрен азил“ – се вели во текстот на 24.hu објавен пред неколку часа. Според изворите на порталот, овој нов гласач во Избирачкиот список има легитимација од Петтиот дистрикт, но без адреса.

Понатаму, се објавуваат општо познатите информации за неговото владеење и причината поради која тој доби затворска казна, но побегна од земјата со помош на унгарските дипломати, како што се наведува во текстот.

Unhack Democracy Europe, унгарска организација која го застапува интегритетот на гласачите и се залага за слободни избори во Унгарија, го тагна ЦИВИЛ и го сврте вниманието кон оваа информација. Тие на својот официјален Твитер профил напишаа: „Бегалецот #Груевски, поранешен премиер на Северна Македонија, познат по корупцијата и изборните кражби, има право на глас на унгарските локални избори в недела…“

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, ги поддржува напорите за јакнење на гласачкото право како едно од фундаменталните човекови права. Веќе подолго време, од Унгарија доаѓаат загрижувачки извештаи за манипулации и кршење на гласачкото право за време на изборните процеси. Организациите за човекови права и слободните медиуми постојано известуваат за тоа дека премиерот Орбан спроведува политики и практики слични на оние што неговиот пријател Груевски ги спроведуваше во периодот на своето режимско владеење од 2006 до 2016 година.

Џ. Дерала

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Астрономски календар, 12 октомври  2019

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk