ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Со импровизиран напад на Участакот, започна одбележувањето на Денот на народното востание

Со импровизиран напад на градот, стилизирана реконструкција на случувањата од пред 78 години, богат огномет што кулминираше со развиеорено „алово“ знаме од балконот на Участакот, Прилеп, вчера, го одбележа 11 Октомври

October 11, 2019 08:06
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес го славиме Денот на народното востание, денес славиме 78 години непокор.

Со импровизиран напад на градот, стилизирана реконструкција на случувањата од пред 78 години, богат огномет што кулминираше со развиеорено „алово“ знаме од балконот на Участакот, Прилеп, го одбележа 11 Октомври – Денот на народното востание.

фото: prilep.gov.mk

– На овој ден пред 78 години, во Прилеп одекнаа слободарските пушки и востаничките истрели. Храбрите партизани ја започнаа борбата за социјална правда и слобода, испишувајќи го овој светол датум во историјата, вграден во македонската државотворност. 11.Октомври е симбол на непокорот, пркосот, храброста, гордоста и достоинството, стремежот за слобода не само на прилепчани, туку на сите граѓани на нашата земја. Затоа и денеска се сеќаваме на делото на хероите, им оддаваме почит и се поклонуваме пред нивната жртва. Животите на 15 народни херои и 650 борци од Прилеп се вградени во денешната слобода, затоа и нашиот град го носи епитетот Град Херој – Првоборец, истакна градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.

– Секоја успешна реформа, европски спроведен закон, секоја инвестиција и нови работни места, еднаквост, толеранција, дијалог, заеднички успех и достигнување, секоја заложба во градењето на вистински европски вредности, водат на патот на ЕУ и на создавање безбедна, стабилна и економски силна држава.“, додаде Јованоски пред присутните прилепчани и другите гости кои ја проследија манифестацијата

Покрај импровизираниот напад, присутните имаа можност да го погледнат музичкиот перформанс на Dance Studio од Куманово, настапите на The Dramers, MDaveiro и IM-X, како и на DJ Haris и Robbie Ray Ledrobot.

Одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп, ќе трае до 15 октомври, а започна во неделата на 6 октомври, со одржување на Меѓународниот турнир на џудо клубот „СЕИШИН“ и Downhill купот „Топташ 2019“.

Покрај изведбата на театарската претстава „Глембаеви“, изложбата на Меѓународна ликовна колонија „Куманово“ 2018, крводарителската акција на Црвениот крст, промоцијата на книгата „Старите занаети во Прилеп“, мотокрос трката „Stormriders 2019“, авто слалом натпреварот „Прилеп 11.Октомври 2019“, традиционалниот импровизиран напад на градот и огнометот, како и повеќето други манифестации, Општина Прилеп,оваа година стави  посебен акцент на обновувањето на традицијата на организирање граѓански марш до Могилата на непобедените.

Ј.Ѓ

 

Next Post

Заев: Очекувам да се докаже невиноста на Ременски

Shortcut

Најново

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk