Петар Богојески, еден од Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ, лидер на иницијативата Македонски концепт, се обрати до актуелниот лидер на партијата со жесток и аргументиран ФБ пост, кој го објави и Фронтлајн.
Меѓу другото, Богојески му пишува на Мицкоски:
Касно е сега да станувате реформатор! Тој воз одамна замина! Не можете преку преземање и промоција на агендата на реформаторите, преку некоја шминка, наречена демек измена на Статут или преку лажна вест за продажба на мермерната палата, која е замрзнат имот и не може да се продава, да бидете реформатор!
Реформите во ВМРО ДПМНЕ се суштествен процес!
Дегруевизација на партијата, Вие едноставно не можете да направите. Од тука и огромното разочарување на граѓаните и членовите од Вас, господин Мицкоски!
Тој процес ќе го направи следната генерација раководители на ВМРО ДПМНЕ!
Вие ја пропуштивте Вашата шанса!
Возот замина!
Замина кон Европа, Вие останавте во минатото!