пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Да, господине Богојевски, јас никогаш не сум се сомневал дека така ограничено чудовиште какво што е ѕверот од Будимпешта, може така темелно да урниса едно општество, една држава и една нација.
Мастерот е друг.
Милион пати сум пишувал дека моето презиме над текстот на Пруст веднаш ќе го открие лажњакот во презимето. Така беше и со Груевски. Таму беше уште појасно дека говното не е тоа што успеа да го изгради нужникот од предевропските контури на Македонија, туку дека тоа е дело на некој друг политички и геополитички, медиумски и културолошки инженер, кој има магистрирано на некоја порепрезентативна установа отколку што е тоа ману.
Ги споделувам и другите оценки во вашиот статус: Дека груевизмот е феномен, а не личност и дека актуелниот лидер на партијата го шири тој вирусот преку комплетниот свој настап. Поголема смисла има да се надеваме дека Груевски ќе стопира некој камион и ќе се врати да ја издржи казната затвор во татковината, отколку дека Мицковски ќе ја реформира лабораторијата на лажните вести и лажни или злобно надуени афери односно на невидената и најпримитивна агресија врз сопствената земја и нашето општество.
Не сум сигурен дека ќе се согласиме околу тоа каква трансформација треба да доживее вмро-дпмне. Јас мислам дека злото што и го нанесе на Македонија е доволно големо за да можеме сосема раат сто пати да ја забраниме, укинеме, умреме. Но, молам, ако вие имате поинакви идеи за припитонување на еден страшен мит во пристојно домашно животно, спремен сум да ве поддржам. Всушност, и без тој услов, можете да сметате на моите симпатии.
Текстот е ФБ пост на Тричковски, во одговор на ФБ постот на Богојески, објавен на FRONTLINE